ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
ОДБРАНАТА НА ИЛИЈЕВ И ПАПАЗОВ ТВРДИ ДЕКА НЕМАЛЕ НИКАКВА НАДЛЕЖНОСТ ЗА „ПУЛС“
На денешното рочиште за случајот поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на обвинетите градоначалници истакна дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите на Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, и дека неправедна осуда би претставувала „втора трагедија“.
Бранителот на единаесеттообвинетиот Николчо Илијев (градоначалник од 2017 до 2021 година), адвокатот Синиша Станковиќ, во воведен говор рече дека смета оти од непознати причини е спроведена нецелосна истрага и не е обезбеден ниту еден факт против Николчо Илијев.КОСТАДИНОВ ГИ ОТФРЛА НАВОДИТЕ ОД КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА
Ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов преку социјалните мрежи ги отфрла наводите за сторено кривично дело при набавката на автобусите
„Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица. Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот“, вели Костадинов.
Порача и дека стои на располагање на надлежните органи и институциите.
НАЈДЕНО Е ТЕЛОТО НА МИЛЕ ТОДОРОВ ОД НЕГОТИНО
Миле Тодоров од Неготино, кој исчезна во јануари оваа година e најден починат.
Неговата сестра, Марија, преку социјалните мрежи објави дека Тодоров е починат.
Детали за причините и околностите околу смртта не се соопштени. Момчето имаше 28 години.CNN ЈА ПОФАЛИ МАКЕДОНИЈА КАКО ДЕСТИНАЦИЈА
CNN oбјави текст во кој ја пофали Македонија како туристичка дестинација.
Опкружена со гребени и врвови кои нудат пејзажи што го опфаќаат целиот спектар на четири годишни времиња - од зелени падини до снежни карпи, стои во описот за нашата земја.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
