ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oдбраната бара застарување, Груевски и Јанакиески ќе се спасат од затвор за уривањето на Космос
И СЛУЧАЈОТ ТНТ ЗАСТАРУВА
Одбивателна пресуда поради апсолутна застареност на делото ТНТ побара одбраната во случајот.
По денешната седница на Апелација, Еленко Миланов, адвокат на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, посочи дека постои апсолутна застареност од кривично гонење.
„Врз основа на решението за исправка на првостепенеата пресуда побаравме јавна пресуда по која Апелациониот суд мораше да одржи седница. Побаравме судот да утврди во согласност со измените на предлог од жалбата со која се бараше да се укине првостепената пресудата и тоа го преиначивме, со тоа што побаравме во согласност со ЗКП да се утврди апсолутна застареност во однос на сите обвинети, а тоа го побара и застапникот на обвинението“, кажа Миланов.
Во првостепената пресуда девет години затвор доби поранешниот премиер Никола Груевски, три години поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и четири години поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, за рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски во 2012 година. Во случајот затворска казна од четири години доби и тогашната градежна инспекторка Елизавета Најдовска, а три службени лица од Општината добија ослободителна пресуда.
ЗА СПОМЕНИКОТ НА УЧК ВО СОПОТ НЕМА ДОЗВОЛА ОД ОПШТИНА КУМАНОВООд кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски никој не побарал дозвола за изградба на музејот на УЧК во селото Сопот.
ЗГОЛЕМЕНА Е КВОТАТА ЗА РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска на состанокот со претставници на Делегацијата на германското стопанство (АХК) пред германските инвеститори откри дека Владата на последната седница ја зголемила квотата за работни дозволи на странци од 5.000 на 7.000.
„Со цел олеснување на пристапот на домашните и странските компании во земјава до квалификувана работна сила која ќе може веднаш да се вклучи во производството, Владата на претходната седница донесе одлука за зголемување на квотата на работни дозволи за странци од 5.000 на 7.000 дозволи“, рекол Битиќи пред претставниците на германските компании.
ВО ГАЗА ЗАГИНАА НАД 10.000 ПАЛЕСТИНЦИ
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вели дека Газа станува „гробница за деца“. Вели дека никој не е безбеден во Газа
Израелската армија погоди болници, бегалски кампови и објекти на ОН.
„Копнените операции на израелските одбранбени сили и континуираното бомбардирање погодуваат цивили, болници, бегалски кампови, џамии, цркви и објекти на ОН - вклучително и засолништа“, рече Гутереш.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Околу 200 илјади евра пред платил извесен купувач, за мал пакет акции на скопската рафинерија ОКТА.
