Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од утре стартуваат казните за прекршоци регистрирани преку „Безбеден град“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од утре стартуваат казните за прекршоци регистрирани преку „Безбеден град“

ОД УТРЕ СТАРТУВААТ КАЗНИ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“ и посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што може да се должи на претходно доставени погрешни информации од граѓаните или на грешки при внес во системите. Поради тоа, можно е одредени граѓани да добијат известување или записник што не се однесува на нивното возило или на прекршок што тие не го сториле.

„Секој граѓанин кој ќе забележи несогласување во податоците ќе има право да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка – дека возилото не е негово, дека не управувал тој или дека има друг вид неточност. Согласно законски утврдена процедура, Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа ќе изврши проверка и корекција на податоците, а Граѓанинот ќе добие известување дека нема да биде прекршочно гонет доколку не го сторил прекршокот“, истакна министерот.

ЗА МИЦКОСКИ НЕ Е ПРОБЛЕМ ДА ПОЈДЕ ВО ССМ

Премиерот Христијан Мицкоски можеби ќе појде во синдикатот во понеделник, но постави услов. 

За премиерот немало проблем да отиде во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ), но не кажа дали е подготвен да го потпише колективниот договор за зголемување на работниците од 40 отсто.

„Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата“, рече Мицкоски. 

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов вчера го покани премиерот Мицкоски во понеделник во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40 проценти. 

Трендафилов најави блокади и генерален штрајк, а неделава имаше протест.

ВО КОЧАНИ ЌЕ СЕ ГРАДИ ПАТЕКА НА БЕСКОНЕЧНОСТ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО „ПУЛС“

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи лани на 16 март. 

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

ИРЕНА ЈОВЕВА РЕАГИРА ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО БУГАРИЈА

Словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева е зачудена од одговорот кој го добила од бугарските власти за судските одлуки. 

„Судските одлуки во Бугарија не се игнорираат ... цело време. Вака бугарскиот министер за правда „одговори“ на моето прашање. Се прашував за секунда дали навистина го кажа тоа. Затоа што правната држава е што - фреквенцијата? Тој само не успева од време на време. Но цело време, навистина не е“, вели таа. 

Слично

Поврзани вести