Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од утре се воведува полициски час, денес регистрирани 872 заразени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од утре се воведува полициски час, денес регистрирани 872 заразени

ОД УТРЕ СЕ ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Владата донесе одлука за полициски час, ќе трае 12 дена, а ќе се спроведува во тајмингот од 22 часот до 5 часот наутро.

Карантинот почнува од утре вечер и ќе трае до 22 март.

Ова го потврди премиерот Зоран Заев. 

„Во следните 12 дена очекуваме тоа да влијае на намалување на бројките“, рече Заев. 

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска изјави дека полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот како непопуларна мерка се воведува како резултат на групирањата и домашните веселби.

РЕГИСТРИРАНИ 872 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе - 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Регистрирани се 412 оздравени пациенти од:

Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – по 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 4, Дебар и Кичево – по 3, Ресен, Виница и Кратово – по 2, и Неготино, Крушево и Богданци – по 1.

Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се по 9 пациенти од Скопје (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), 4 пациенти од Прилеп(67г,86г,89г,45г), 2 пациенти од Гевгелија(73г,73г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

КАРАКАЧАНОВ ПОВТОРНО ПРОВОЦИРА

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се огласи со реакција откако вчера вицепремиеорт на Бугарија, Красимир Каракачанов, објави честитка за 8 Март со географска карта од „Санстефанска Бугарија“ во која е опфатена и територијата на денешна Македонија.

„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи. 

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки.“, се вели во реакцијата на шефот на државата.

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Никола Димитров му одговорија на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. 

Заев објавата на Каракачанов ја нарече „пенал“. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонските граѓани најчесто се загреваат на дрва, а дишат и екстремно загаден воздух.

Со оптимизација на трошоците и покрај падот на нарачките и намаленото производство „Макстил“ лани ја зголеми добивката за 5 пати. Потенцијалниот принос по акција е 10 отсто од последната пазарна цена.

Сумата предвидена за бруто-примања на вработените во „Македонски навигации“, кои управуваат со контролата на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија, во 2021 ќе се намали за 30,1 отсто, покажува финансискиот план на телото во кое општопознато е дека се доделуваат можеби највисоките просечни плати во земјата.

Се очекува денеска Владата да го прифати предлогот за воведување на построга рестриктивна мерка, полицики час кој вчера го најави министерот за здравство Венко Филипче, и за кој кажа дека ќе почне од утре, среда, а ќе трае во наредните две недели.

Утре во поликлиниката Букурешт започнува ревакцинацијата со вакцината Фајзер. Во поликлиниката Јане Сандански ќе се одвива имунизација со вакцината Спутник. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

Откако ВМРО-ДПМНЕ собра 100.000 потписи против пописот во земјава, пратениците од оваа политичка партија поднесоа и предлог закон во Собранието, за престанување на важењето на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република С. Македонија, 2021 година, и тоа по итна постапка.

Слично

Поврзани вести