ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од утре прекинува бесплатниот превоз во Скопје, а кумановци шест месеци ќе се возат гратис
ВО СКОПЈЕ ОД УТРЕ ПРЕКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ
Од утре прекинува бесплатниот превоз во Скопје, соопштија од ЈСП.
Соопштија дека од утре прекинува да важи одлуката за бесплатен превоз за сите граѓани во јавниот превоз, која времено се донесе како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.
„Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.КУМАНОВЦИ ШЕСТ МЕСЕЦИ ЌЕ КОРИСТАТ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ
Во Куманово ќе стартува бесплатен превоз.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски соопшти дека на денешната Седница, Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.ЛИЦАТА УАПСЕНИ НА ТАБАНОВЦЕ ПРИМАЛЕ ПОТКУП
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Слично
