ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oд Софија порачаа дека нема план Б за Македонија
ОД БУГАРИЈА ПОРАЧАА ДЕКА ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПЛАН Б
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев вели дека за Македонија нема план Б.
Вели дека Софија ќе се придржува кон договорот од 2022 и исполнувањето на обврските при преговорите за кластерите. Георгиев е категоричен дека Бугарија нема да престане да повторува дека усогласеноста со европските барања е она што е потребно за да се постигне напредок.
На прашањето дали Бугарија веднаш би ставила вето ако случајно разговорите на премиерот Христијан Мицкоски со европските партнери доведат до почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ пред да има промена во уставот, тој одговори дека од сите разговори што ги водел досега, нема план „Б“.ПЕНДАРОВСКИ УПАТИ КРИТИКА ЗА ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА
Поранешниот претседател Стево Пендаровски вели дека Македонија во моментов има само меморандум за соработка со Обединетото Кралство, но не и договор за стратешко партнерство како што најавуваше актуелната влада
Во она што го видовме, нема ништо стратешко, вели во интервју за ДВ поранешниот претседател Пендаровски
ЗА ПАНЧО ЗАСЕГА НЕ СЕ ВОДИ ПОСТАПКА
Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител синоќа, упатува на тоа дека, поради сериозната здравствена состојба на Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, во моментов не може да се води кривична постапка против него.
Ова тој го изјави во интервју за Телевизија 24.
„Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и во консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка, ниту да дадат изјава, за жал“, рече Коцевски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
