Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје

ОД ПОНЕДЕЛНИК УШТЕ  55 АВТОБУСИ ЌЕ СООБРАЌААТ ВО СКОПЈЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека нови автобуси ќе има на улиците од понеделник. 

Најави дека од понеделник 55 автобуси плус ќе сообраќаат и уште 20 автобуси ќе има до Нова година.

„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици. Овој потег претставува сериозен исчекор кон подобрување и стабилизирање на градскиот транспорт. Дополнително, до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран. Но, тука не запираме. До март, во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, ќе обезбедиме уште 80 нови автобуси“, вели градоначалникот. 

ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И УШТЕ ТРОЈЦА ОДАТ ВО ПРИТВОР

На четворица од петтемина осомничени за давање и примање поткуп, меѓу кои и на актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството, Основниот кривичен суд Скопје попладнево им одреди мерка притвор од 30 дена. 

Tие беа приведени во вчерашната акција во која се вршеа претреси на повеќе локации низ државата и денеска беа изведени на распит пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд. 

Притворите на четворица од осомничените, како што информираа од Судот, им се изречени поради опасност од бегство, можноста за влијание врз сведоци и повторување на делото. 

ВЕАПОСКА СЕ ПЛАШИ ДЕКА СЛУЧАЈОТ ЌЕ ЗАСТАРИ

Во Основниот суд во Струга денеска беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар. Се одложи поради оправдано отсуство на бранителот на првообвинетиот лекар.

На претходното рочиште, одржано во септември, тој бараше изземање на судечкиот судија, и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола, па предметот беше разгледуван во Врховниот суд во Скопје. По одлуката да биде предметот да биде вратен во Судот во Струга, рочиштето беше закажано за вчера, но и тогаш бранителот Игор Петковски, најавил отсуство поради судење за притворски предмети.

„ГРАДСКИ ВОЗ“ ЌЕ СТАРТУВА ИДНАТА ГОДИНА

Станува реалност проектот Градски воз, со реконструкцијата што стартуваше на првата делница од Зелениково до скопската железничка станица, а со ремонтните активности на железничката делница од Драчево до Илинден ќе се зголеми карго сообраќајот.

Ова го изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, откако со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извршија увид во градежните работи на проектот Градски воз на пругата во Драчево со којшто треба да се олесни транспортот на патници во главниот град.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Хроничната бубрежна болест (ХББ) е меѓу најбрзо растечките хронични заболувања во светот. Според Светската здравствена организација, секој десетти возрасен човек има одреден степен на оштетување на бубрезите, а бројот на пациенти со терминална фаза расте експоненцијално.

Буџетот на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија за следната година планира да го зголеми буџетот за своето работење.

Владата го објави записникот од седницата од 7 октомври на која се разгледувал предлогот за законски измени за намалување на работното време во текот на денот од осум на шест часа, при што се дава негативно мислење на оваа иницијатива како неоснована затоа што „ќе се намалела продуктивноста на работникот, а работодавачите ќе се изложат на нови трошоци за да ангажираат дополнитена работна сила“.

Поделена на три договори, набавката вредна 29,5 милиони денари за одржување на тунелите си ја поделија две фирми. Едната, постара, ќе го земе помалиот дел од колачот. Поновата пак, добива два од трите договори. 

Ако ги споредиме податоците од Numbeo, на листата има многу држави каде животните трошоци се пониски од оние во Македонија. Во некои земји билетот за јавен превоз чини само 10 денари, лебот 20 денари, газираните пијалаци се со цена од 30 денари, килограм компири чинат 22 денари или дури и поевтино, 17 денари, килограм ориз е 33 денари. 

фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Слично

Поврзани вести