ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк
ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ОД ПОЛНОЌ
Од полноќ почнува изборниот молк кој ќе трае додека не заврши гласањето, односно до среда до 19 часот.
Дел од изборните карвани веќе ги одржаа и централните митинзи а кандидатите и уште денеска со пораки до граѓаните за да ја добијат нивната поддршка.
ЌЕ ИМА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ТОКСИКОЛОГИЈА
Министерот за здравство Илир Демири ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски затоа што се однесувал опозициски, а бил поставен од Владата. Според Демири тоа е недозволиво.
„Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат и други кадри, лаборанти, сестри и хигиеничарки од кои болницата нема никаква потреба“, изјави професор доктор Нико Беќаровски, раководител на одделот за интензивна нега на Клиниката.СЕМЕЈСТВОТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ МОЛИ ДА СЕ РЕАГИРА ДО НАДЛЕЖНИТЕ
Владата донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекувањето на Леонид Индов.
„Владата на една од изминатите седници донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекување на Леонид Индов“, потврди денеска министерот за здравство Илир Демири.
Вели дека е даден налог и тоа треба да е завршено како процедура и да е финализирано.
„Сепак, утре има седница на Влада, ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето за лекувањето на нашиот сограѓанин Леонид Индов“, рече Демири.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
