Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од парите од продажба на имотот на Југославија во Њујорк, МНР ќе купи објекти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од парите од продажба на имотот на Југославија во Њујорк, МНР ќе купи објекти

МНР ЌЕ КУПУВА ОБЈЕКТИ

Легнаа четири милиони долари од продажбата на имотот на Југославија во Њујорк, a македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ќе купува објекти. 

Пред два дена на сметката на мисијата на Република Северна Македонија во Њујорк, САД, легнале четири милиони долари од продажбата на заедничкиот имот на поранешна Југославија.

Со тие пари, како што соопшти денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе се купуваат објекти за нашата тамошна мисија.

РЕАКЦИИ ЗА КЛУБОТ ВО ОХРИД

Клуб со име на цар Борис е на штета на македонските Бугари, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. 

Тој се прашува дали некој свесно ги прави ваквите провокации за да им наштети како на угледот на бугарската заедница, така и на добрососедските односи. 

Според македонскиот премиер, Димитар Ковачевски клубот во Охрид е провокација од македонски граѓани кои не сакаат да видат добри односи со Бугарија. 

Тој вели дека го осудува отворањето на тој клуб, но него го отвориле македонски граѓани.

ЕКСПЛОЗИЈА ГО ОШТЕТИ МОСТОТ НА КРИМ

Сопственикот на камионот што експлодираше на мостот на Крим е од Краснодарската област во Русија. Истражниот комитет на Русија ја потврдил оваа информација. 

Украина сепак се оградува од експлозијата која се случи денеска на кримскиот мост. 

Според советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак експлозијата и пожарот на Кримскиот мост се „конкретен израз на конфликтот меѓу руската Федерална служба за безбедност (ФСС) и приватните воени компании, од една страна и Министерството за одбрана и Генералштабот на Русија, од друга страна“.

Слично

Поврзани вести