ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од Комисијата за верски заедници уверуваат дека еврејската секта не е закана и дека си одат од земјава
ЕВРЕЈСКАТА СЕКТА ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ОД МАКЕДОНИЈА
Комисијата за односи со верските заедници е запознаена со групата странски државјани чие присуство во Куманово предизвика реакции во јавноста.
Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи потврди дека тие се припадници на еврејската секта, но дека во Македонија немаат дозвола за какви било верски активности.
Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор беа забележани во Македонија по талкањето низ повеќе европски држави од кои беа депортирани, со што нивното присуство ги вознемири граѓаните на Куманово, па се огласи и Министерството за внатрешни работи.Фрлани се јајца и искршена е вратата на куќата во Куманово во која се доселија припадници на еврејската група, јавува Телма.
Припадниците на еврејската верска заедница Лев Тахор, кои неодамна се населија во Куманово, велат дека веќе не се чувствуваат безбедно. Откако локалните жители почнаа да се собираат пред куќата и да ги исмеваат чудно облечените дојденци, вчера некој им ја откорнал железната врата во дворот и ја мавал куќата со јајца.АГАТАНГЕЛ СЕ ПОМОЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МИЦКОСКИ
Владиката Агатангел во придружба на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, на закројување на лозје на Свети Трифун прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род, а потоа повика Божја помош и за партискиот лидер кој го придружуваше во закројувањето на лозјето.
ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „најголемата и најсветата партијата“. Имаше пофални зборови за Мицкоски.ДЕНЕС ИМА 465 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 341, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, Струга и Гевгелија по – 4, Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3, Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по -1.
Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 92 реинфекции.КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СВЕДОЧЕШЕ ЗА ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО
На поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, не му е познатото местото викано „Шербетница“’, на Водно.
Во својство на сведок, Трајановски денеска беше сослушан во случајот „Плацови на Водно“, при што посочи дека Никола Груевски не побарал од него или преку друго лице урбанизација на парцели на Водно.
„Не ми кажал дека има плацови на Водно. Не ми кажал дека има и станови на улица „Бихачка“, рече Трајановски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Од денеска во Скопје почнува серолошката анализа на населението која треба да покаже колку од луѓето имаат некаков имунитет на корона вирусот. Тестирањето ќе се спроведе на случаен примерок од 1.000 граѓани во главниот град, но според здравствените власти, скрининг тестирањата може да се реализираат и во останатите градови во Македонија.