ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oд 1 јануари поскапа струја само во третиот и четвртиот тарифен блок
СТРУЈАТА ПОСКАПУВА ЗА ТРЕТИОТ И ЧЕТВРТИОТ БЛОК
Цената на електричната енергија за домаќинствата поевтинува, но смао во краткиот прв блок - за 5,16 проценти. Во вториот тарифен блок останува иста, а иста останува и цената за евтината тарифа од 1 јануари 2024.
Третиот блок поскапува за 2,88 отсто, а оној четвртиот за „нештедачите“ исто така ќе биде повисок за 1,86 проценти.
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, рече дека со новата наплата на надоместок од 200 денари, која повеќе ќе ја осетат оние со повеќе недвижнини, мрежарината поевтинува во просек за 23 отсто.ОПШТИНА ТЕТОВО ПЛАНИРА ДА ГО РУШИ КРСТОТ НА ПОПОВА ШАПКА
Тетовска епархија добила решение за отстранување на крстот на Попова Шапка.
Тетовско-гостиварска епархија денеска информираше дека добиле решение од Општина Тетово за отстранување на поставениот крст на црковниот имот на Попова Шапка. Најавија дека ќе поднесат жалба.
ЛЕВИЦА ВЕЛИ ДЕКА ПАРТИЈАТА НА КУРТИ СЕ МЕША ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА
Левица обвини дека косовската владејачка партија на премиерот Албин Курти директно се меша во внатрешните работи на Македонија.
Партијата „Самоопределување“ на Курти, ќе биде дел од изборната трка на претстојните парламентарни избори во Македонија. Ова го најави т.н коалиција „Европски сојуз за промени“ на Африм Гаши од Алернатива, Биљал Касами од Беса и Изет Меџити како одметник од ДУИ. Имено, како претставник на косовскиот премиер Курти, дојде Беким Ќоку, како негов советник за Македонија, каде партијата беше најавена како „четврти столб на албанската опозиција во Македонија“.ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ РЕАГИРА ЗА НЕЗАКОНСКО УНАПРЕДУВАЊЕ
Полицискиот синдикат има забелешки за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Според синдикатот, полицајката која славеше со торта и „Не може нам нико ништа“ е незаконски унапредена.
Синдикат на македонска полиција го прашува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски зошто се унапредуваат подобни кадри во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com/yelantsevv
