Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

OД ОЈО СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ШТО ЈАХОСКИ ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал сега велат дека биле незадоволни од мерката куќен притвор за Јахоски, па во законскиот рок поднеле жалба на таквата одлука. 

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа. Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение“, се вели во одговорот кој ОЈО ГОК го испрати до новинрите.

ЕЛВИН КУРТОВИЌ ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО КАЈ МАВРОВКА

Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година.  

Судијката Моника Бахчовановска, пред објавата на пресудата прочита вештачење од психијатар на обвинетиот, во кое се оценува дека е психички здрава личност со нормална интелигенција. 

- Вештачењето покажува дека од увидот во казнената евиденција од 16 години е осудуван за кражби, насилство, сообраќајки, фалсификување..., а, имал и пресуди во странство. Од почетокот на адолесценцијата имал проблеми и асоцијалност, изразено непочитување на социјални норми и невозможно одржување на трајни релации, ниска толеранција и склоност кон насилство. Кога го сторил кривичното дело бил во секој момент пресметлив и со уредно психичко здравје - изјави судијката Бахчовановска. 

ОЈО РЕАГИРА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОЦИ

Од ОЈО се јавија со реакција и тврдат дека не е точно дека имаат притисоци за одредени предмети. 

Во соопштението велат дека јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Берзата и оваа година направи анализа колку жените се застапени во управните и раководните органи и тела на компаниите кои се котирани на македонскиот пазар на капитал, а таа покажува дека мажите и натаму се најпосакувани „шефови“ во македонскиот бизнис, иако компаниите раководени од жени остваруваат многу подобри резултати. 

Просечната малопродажна маржа кај овошјето достигнувала 37,7 отсто, додека кај зеленчукот 48,3 проценти, утврдила анализата на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

За луѓето кои работат како аргати е прифатливо да им се плаќа работен стаж, нешто за што веќе има предлог закон во собраниска процедура.

Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“, кој е во домашен притвор по апсењето во аферата за набавка на мазут со сомнителен квалитет заедно со Ратко Капушевски од РКМ, има огромна малопродажна мрежа на бензински пумпи, но и вреден имот за продажба на деривати на големо.

Германија продолжува да ја крепи македонската извозна економија затоа што во јануари апсорбираше 38% од целиот македонски извоз. Суровините за катализатори што ги произведува „Џонсон Мети“ се значајна увозна компонента која Велика Британија ја прави еден од најголемите увозници. 

Милиони луѓе ширум светот се борат за втора шанса за живот, чекајќи трансплантација на орган што може да им го спаси животот, да им го продолжи, и секако да им го подобри квалитетот на живеењето. 

Слично

Поврзани вести