Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителството води постапка против три лица кои му се заканувале по живот на Митко Јанчев

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителството води постапка против три лица кои му се заканувале по живот на Митко Јанчев

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГОНИ ТРИ ЛИЦА КОИ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА МИТКО ЈАНЧЕВ

Тројца сe обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, Mитко Јанчев, а за еден обвинителството предложи притвор. 

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г.

„Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и закани насочени кон оштетениот градоначалник на Кавадарци, поттикнувајќи омраза врз основа на политичка припадност и општествен статус. Обвинетиот 32-годишник објавувал и фотографии од оштетениот и неговите малолетни деца, заканувајќи се и кон нив, а како потврда за сериозноста на заканите споделувал и видеа во кои самиот пукал со автоматска пушка и пиштол. Од јули годинава започнал и преку телефонска апликација да се јавува кај градоначалникот, лично и преку пораки да се заканува по животот на оштетениот и неговото семејство. Второобвинетиот, исто така телефонски, пренесувал дел од заканите и пораките во име на првиот обвинет. Третиот обвинет, пак, коментирал на Фејсбук објавите на првиот обвинет, заканувајќи се со убиство на оштетениот градоначалник“, велат од ОЈО. 

ОД УТРЕ ЌЕ СНИМААТ КАМЕРИТЕ НА „СЕЈФ СИТИ“

Oд утре камерите на „Сејф сити“ ќе почнат да снимаат. Министерството за внатрешни работи(МВР) почнува да го применува системот „Безбеден град, безбедна држава“. На тој начин полицијата ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги казнува прекршителите. Пробниот период ќе трае до крајот на годината. 

Возачите првично ќе добиваат само предупредувања, без изрекување казни. Од јануари идната година системот влегува во целосна примена.

MEМОВ УВЕРУВА ДЕКА ПИОМ НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

Линеарното зголемување е за усогласување со животниот стандард, изјави директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој рече дека тоа е исправно бидејќи цените подеднакво се покачени за сите.

Мемов уверува дека не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Има две иницијативи од граѓани доставено до Уставниот суд и ќе видиме сега. Одлуката е пред донесување, односно трае јавната расправа околу ова значајно прашање во општеството. Сакам да истакнам дека измената на Законот за пензиско инвалидско осигурување беше донесена минатата година, на барање на пензионерите се донесе оваа одлука усогласувањето на пензиите со швајцарскиот модел – процентуално се замени со линеарно зголемување на пензиите односно линеарно усогласување на пензиите на сите 345.000 пензионери“, вели Мемов.

фото Фејсбук/Митко Јанчев

Слично

Поврзани вести