ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството соопшти дека сите осум лица осомничени за упадот во М-НАВ се уапсени
СИТЕ ОСУМ ЛИЦА ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО М-НАВ СЕ УАПСЕНИ
Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје извести дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај.
Освен петте лица за кои претходно информираше Обвинителството, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица.
За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител, додаваат од Обвинителството.
СРЕДБА МЕЃУ ЗАЕВ, АХМЕТИ И КОВАЧЕВСКИЕкс премиерот Зоран Заев, актуелниот премиер Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ – Али Ахмети денеска се сретнале во Скопје, пренесува „Клан Македонија“.
Според информациите, тие имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат годинава.
Медиумот пренесува дека работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера, но без детали за другите теми за кои се дискутирало.АРСОВСКА СООПШТИ ДЕКА ОТКРИЛА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска информираше дека градските инспектори по дојава на граѓани затекнале приватна дива депонија крај реката Лепенец на територија на Општина Ѓорче Петров.
- Станува збор за депонија на приватна парцела од 4000 м2 и дополнителни 5.000 м2 државни кај Лепинец, кај пречистителната станица која ја гради Општина Ѓорче Петров. Депонијата е на комопанија под истрага за други дела, на лице вработено во секторот за финансии во Општина Ѓорче Петров. Сопственикот на социјалните мрежи може да се забележи во друштво со градоначалникот Александар Стојковски, рече Арсовска.НА ПОВИДОК ПРОБЛЕМИ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ
Доколку вработените во Јавното сообраќајно претпријатие за викендов не ги добијат платите во понеделник нема да има јавен превоз во главниот град.
Ова го најавија репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје кои воедно ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
