ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителството отвори случај „Феникс“, меѓу уапсените е и Владимир Тодоровиќ
ОТВОРЕН СЛУЧАЈ „ФЕНИКС“
По апсењето на поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, отвори случај „Геникс“, во кој 16.136.150 за леење на споменици од „Скопје 2014“ им биле дадени на италијански леарници кои работата ја завршиле за многу помалку пари.
Обвинителството рече дека за седум лица се предложени мерки притвор, а Тодоровиќ е осомничен за злоупотреба на службената положба, заедно со поранешен премиер и вицепремиер, како и вработени во Општина Центар.
Станува збор за 11 споменици, еден од тие е Воин на Коњ и други десет споменици, кои се изработени од правно лице од Италија. како што рекоа од Обвинителството, таму има „Лавови, Даве Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Ченто, Цар Самоил, Јустинијан, Гемиџии, Основачи на ВМРО-ДПМНЕ“ кои се во сопственост на Општина Центар како меморијални споменици.ТЕНЗИИ ОКОЛУ ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ ВО БУТЕЛ
Откако градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека до градот Скопје поднел иницијатива за враќање на старите имиња на улиците, ДУИ излегоа со обвинување.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку писмено соопштение остро реагира на иницијативата на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, за враќање на старите имиња на четириесетина улици во Општината. Според ДУИ, станува збор за оспорување на имиња на улици кои се именувани по албански личности, што, како што велат од партијата, е шовинистичка и авантуристичка политика на ВМРО-ДПМНЕ, која сериозно ги „предизвикува соживотот, толеранцијата и меѓуетничката хармонија во земјата“.КОВАЧЕВСКИ ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ГИ ПРОВЕРАТ НАОДИТЕ НА САД ЗА МЕРКО
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната сесија за пратенички прашања во Собранието побараа од премиерот Димитар Ковачевски од говорницата да побара оставка од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако се најде на „црната листа“ на САД, но тој само уште еднаш ги повика институциите да ги проверат наводите на Стејт Департментот.
„За 7.828 километри од Скопје до Вашингтон, повторувам дека е несфатливо како можело таму истражителите да имаат информации, а овде да нема во задолжените институции.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
