Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството отвори истрага, осуммина се осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството отвори истрага, осуммина се осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

ОЈО СО ИСТРАГА ЗА УПАДОТ ВО КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага.

ОСУДИ ЗА СКАНДАЛОТ ВО М-НАВ 

Упадот во кулата на Контролата на летање е преседан за кој светот нема слушнато. Ова е до сега единствен случај во светот кога некој упаѓа на аеродром во собата во која работат контролорите на летање, вели за „Слободен печат“ Венко Биковски, капетан на боинг 737, инструктор-испитувач.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски одлучно го осудува насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории. 

СРПСКИ ПОЛИТИЧАР ОБЈАВИ НОВА СНИМКА ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО

Српскиот политичар  Срѓан Ного објави нови снимки и наметна нови дилеми поврзани со убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес. 

Ного најавува за утре дека ќе објави снимки од грабнувањето на Вања, пред и по киднапирањето, како и снимка од Панче Жежовски на бензиска пумпа како што вели Ного со своите „киднапери“. Во видеото се слуша и глас за кој Срѓан Ного тврди дека е гласот на таткото на Вања, Александар како разговара со полициски инспектори.

„Снимката докажува дека тој лично, а не полицијата ги открил и поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка Вања“, вели во објавеното видео Срѓан Ного.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ праша дали некој ќе поднесе одговорност за протекувањето на овие снимки и фотографии и додаде дека новинари и политичари од Србија имаат материјали и ги пласираат во јавноста.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се ближи големиот христијански празник Божиќ, а по тој повод верниците постат. Нутриционистот Фани Гулевска вели дека е добро да постиме, така било во минатото и така треба да остане и во иднина.

СМА Холдинг Ш.П.К. кој преку Косово купува бизниси во Македонија, сега подготвува преземање на „Студио Модерна“ од Скопје, компанијата која ги застапува брендовите како „Дормео“, „Делимано“ и „Топ Шоп“, со ланец на продавници низ земјата.

Пред неколку години Александар Манев го прифати предизвикот да биде на чело на Кроација осигурување, Друштво за неживотно осигурување во земјава. Благодарение на неговото долгогодишно деловно искуство и знаење, но и на одличната репутација и релации во деловните кругови, Кроација осигурување за краток период ја подобри својата пазарна позиција и имиџ.

Инвеститор нуди големи пари да купи недвижен имот од фирма која лани завршила со загуба поголема од 660.000 евра. Според објавата на берза се продава управна зграда, а според имотниот лист таму има имот од 8.500 квадратни метри

Ако на нешто граѓаните најмногу се жалеле од банките, тогаш тоа се дефинитивно банкоматите.

Стануваат уште во шест часот наутро, за во осум часот кога ќе бидат отворени шалтерите на пунктот да „имаат фатено ред“ и да добијат барем мала предност и надеж дека во следните неколку часа ќе успеат да се сликаат за промена на личните документи. 

Слично

Поврзани вести