Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителството оформи предмет за интервјуто на Латас, Лазаров се извини

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителството оформи предмет за интервјуто на Латас, Лазаров се извини

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ЛАТАС

Јавното обвинителство оформи предмет за јутјуб интервјуто на медиумскиот работник Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазаров. 

До ОЈО стигнало известување од Секторот за комјутерски криминал при МВР, кои, како што ни е објаснето, работеле на случајот бидејќи се работи за интервју излезено на каналот Јутјуб, односно интернет интервју. 

По ова од ОЈО и МВР отвориле предмет за случајот.

СТЕФАН ЛАЗАРОВ СЕ ИЗВИНИ

Јутјуберот Стефан Лазаров се обрати до јавноста, затоа што два дена е топ тема во јавноста, поради контроверзноста на интервјуто со новинарот Драган Павловиќ-Латас. 

Лазаров во видеото објаснува кој е концептот на видеата. Тој се извини до јавноста. Но, пак спомена дека се работи за сериозна хајка. Прашува како неколку дена по објавувањето имало реакции. Вели дека е жално што се вадат работи од контекст. 

ФЗО СООПШТИ ДЕКА СИСТЕМОТ РАБОТИ

Скоро сите модули на ФЗОРСМ се ставени во функција. ИТ експерти ќе ги финализираат процесите и функционалностите, а со тоа ќе започне и исплатата на боледување, породилно и разни рефундации.

- Во текот на утрешниот ден и в среда се очекува осигурениците етапно да ги добијат средствата на сметките. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањето кое беше внесено до 5 февруари 2023 година - појаснуваат од Фондот.

Познатата адвокатка Сузана Јошевска Анастасовска преку својот фејсбук профил се огласи за интервјуто на новинрот Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазаров, кој буквално ја зовре целата држава и ги разгоре коментарите на социјалните мрежи.

ПАК СЕ СТРЕСЕ ТУРЦИЈА

Нов силен земјотрес денеска ја погоди Турција на границата со Сирија.

Земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 20 километри западно од Антакија во провинцијата Хатај и на 75 километри од сирискиот град Латакија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За да се процени кој е кој во ЕУ и чиј глас најмногу се слуша доволно е да се знае дека лани трите најголеми економии на ЕУ биле: Германија, Франција и Италија кои заедно создале над 50 отсто од вредноста на целата економија на сите земји членки на ЕУ.

Бидејќи многу млади се иселија во странство, голем е бројот на стари лица кои остануваат сами. Оние кои не можат самoстојно да ги обавуваат основните животни потреби, добиваат помош од геронто домаќинки. Во државата се спроведуваат повеќе проекти со кои се подобрува квалитетот на живот на старите лица.

Слично

Поврзани вести