Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството ќе гони 15 луѓе за бесправна сеча на шума

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството ќе гони 15 луѓе за бесправна сеча на шума

ОЈО ЌЕ ГОНИ 15 ЛУЃЕ ЗА БЕСПРАВНА СЕЧА НА ШУМА

Наредба за истрага има против 15 луѓе осомничени за пустошење шуми. 

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од полицијата, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. 

Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела Давање поткуп, а на еден осомничен и кривично дело Примање поткуп.

ПО НОВА ГОДИНА ЌЕ ИМА ПОСУШТИНСКИ РАЗГОВОРИ СО БУГАРИЈА

По нова година премиерот Христијан Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија. 

„Суштинско поместување во разговорите со официјална Софија за гаранции дека нема да има нови барања по уставните измени, може да се очекува дури по Нова година, и тоа како иницијатива на трети европски држави. Сепак за да се реализира тоа треба да има и притисок од некоја од посилна страна.Тоа бара посериозна акција од други центри на моќ“, рече Мицкоски.

ЛДП БАРА ИТНО ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКА НАРАКВИЦА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ

Итно воведување на електронска нараквица за насилници бараат претставниците на Либерално деморкатската партија. 

Од партијата на денешната пресконференција порачаа дека трагедијата која се случи во Велес, при што свирепо беа убиени Росица Коцева и нејзинот татко Киро Коцев треба да биде последна. 

- Трагедијата на Росица и нејзиниот татко нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците!

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Приходите во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во текот на минатата 2024 година се зголемиле, благодарение на растот на приходите од вработувањата, односно од растот на придонесите за вработени лица во земјава.

Во Македонија и ова лето имаше голем број пожари, а граѓаните посебно се загрижени за оние од неодамна во Вардариште, на Дрисла и во Трубарево, кои придонесоа делови од главниот град да бидат обвиени со чад. Ова ќе се одрази и на квалитетот на почвата.

Би поддржале ли партиите законски измени кои би значеле забрана за градење на опожарено место? Фактор го даде овој предлог на дел од пратениците во Собранието, по уште едно лето полно со интервенции од страна на пожарникарите. 

Нема веќе одење по улица, возење велосипед и тротинет - Од следниот петок, 26 септември, почнуваат да важат построгите законски одредби. Ќе се казнува преку „Сејф сити“, кој со објавувањето на измени во Службениот весник, и официјално е легален за користење. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести