Следењето на комуникациите на дел од осомничените, им дало насоки на обвинителите да ја прошират листата на осомничени лица и на списокот за ПИ-мерки да додадат и други лица за кои била издадена наредба. Иако прислушувањето согласно Законот за кривична постапка може да трае четири месеци, па потоа да се продолжи уште за четири четири или шест месци, во акцијата „Двојник" сите не биле прислушувани во исто време, па затоа и истрагата траела подолг временски период.
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството изврши претреси, се истражува за софтверот на Рашковски
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ЗА СОФТВЕРОТ НА РАШКОВСКИ
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово направило претрес во фирмата „Инвоука гроуп“, која го набави софтверот за сообраќајни прекршоци што го спроведе Генералниот секретар на Владата во време кога со него раководеше Драги Рашковски.
Ова го потврди обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, која вели дека се работи за предистрага. Покрај претресот во седиштето, имало и такви на други локации, но не открива во кои други субјекти, додека Русковска демантира дека се пребарувало и живеалиштето на Рашковски.
Рашковски како генерален секретар набавил софтвер за сообраќајни прекршоци во вредност од 81.000 евра за потребите на Министерството за внатрешни работи под контроверзни околности.
Случајот го испитува и Антикорупциската комисија.ДЕНЕС ПОВТОРНО НАД 1.100 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.598 тестирања, а регистрирани се 1.174 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 430, Велес – 81, Куманово -78, Прилеп и Битола – по 74, Струмица – 53, Охрид – 49, Гостивар – 42, Тетово – 41, Кавадарци – 38, Штип – 36, Кичево – 24, Гевгелија – 22, Кочани и Неготино – по 20, Ресен – 12, Струга – 10, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 9, Радовиш, Валандово и Богданци – по 7, Делчево – 5, Демир Капија и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар – 3, Берово – 2, Пробиштип, Крушево, Кратово и Дојран – по 1.
Регистрирани се 811 оздравени пациенти од:
Скопје – 400, Прилеп – 67, Куманово – 40, Битола и Гостивар – по 33, Штип – 32, Тетово – 30, Кавадарци – 29, Велес – 28, Струмица – 16, Неготино – 13, Валандово – 11, Кичево и Гевгелија – по 9, Берово – 7, Кочани, Виница и Делчево – по 6, Свети Николе, Радовиш и Пробиштип – по 5, Ресен, Крива Паланка и Македонска Каменица – по 4, Пехчево – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Демир Капија и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 42 починати лица.
АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА БАРААТ ДРЖАВЈАНСТВА ДА ДОБИВААТ И ЛУЃЕ КОИ ИЗВРШИЛЕ КРИВИЧНО ДЕЛО
Алијансата за Албанците и Алтернатива бараат кривичните дела кои датираат повеќе од 10 години да не бидат земени предвид за време на постапката за државјанство со новите измени на законското решение кое треба да биде договорено во понеделник, објавио Алсат ТВ.
- Дури и во Кривичниот законик, застарените случаи имаат мандат од 10 години. Ние ќе бидеме категорично против секој што ќе искористи каква било можност за прекршочно осудување да го носи тој епитет. Ова се однесува само на сериозни кривични дела, иако сметаме дека нема такви случаи , потврди Флакрон Беџети, портпарол на Алијанса за Албанците.ОД МВР САКАЛЕ ПОДОЛГО ДА ГИ СЛЕДАТ ИНВОЛВИРАНИТЕ ВО „ДВОЈНИК“
Со ПИ-мерки се собирале докази за вработените во МВР кои пред неколку дена беа уапсени во полициската акција „Двојник". Откако биле добиени оперативни сознанија, по наредба од обвинител започнало следењето на дел од вработените во МВР , брифираат извори од истрагата за порталот МКД.мк.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
