ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството истражува за пожарот во Тетово, Заев ќе ги чека форензичкиот и експертскиот извештај
ОЈО ТЕТОВО РАБОТИ НА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ КОЈ ИЗБИ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА
Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во Модуларната Ковид болница, кога 14 лица го загубија животот во пожар, соопшти ОЈО.
Покрај досега издадените мерки и писмени наредби за вештачења, донесена е писмена наредба до Министерството за здравство за предавање на целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово. За таа цел испратени се истражители од Основното јавно обвинителство во Тетово до надлежното министерство, заради подигнување на целокупната документација која ќе биде предмет на разгледување и анализа.
Петтемина обвинители поднесоа барање за пружање помош во кривична постапка до Основно јавно обвинителство во Велес, за од правно лице од Велес, да се одземе целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница во Тетово.ЗАЕВ ЌЕ ГО ПОЧЕКА ФОРЕНЗИЧКИОТ ИЗВЕШТАЈ
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека министерот за здравство, Венко Филипче, како и неговиот замени, Илир Хасани и двајцата директори на Клиничката болница Тетово ги извршуваат нивните функции, без оглед на тоа што понудија оставки во петокот вечерта.
-Секако, негова должност е одењето на работа и извршување на министерската функција се додека не биде правно-формално тргнат од неговата функција, како министерот, така и заменикот министер и директорот на Тетовската болница, како и економскиот директор. Нивна должност им е да ја извршуваат нивната функција до доаѓање на нови. Го разбирам високиот морален чин за оставките на министерот и на заменикот министер за здравство, на директорот и на економскиот директор на болницата, но не мислам дека целата влада треба да си поднесе оставка, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани со трагедијата во Тетово во која изгоре модуларната болница при што животот го загубија 14 луѓе.
Премиерот истовремено додаде дека на одлуката за оставките ќе влијаат информациите од форензичкиот и од експертскиот извештај, нагласувајќи дека нема информации за тоа до каде е истрагата.Заменик министерот за здравство во оставка Илир Хасани денеска објави фотографија со коментар дека се вратил на работа.
ПОПИШАНИ НАД 500.000 ГРАЃАНИ
Заклучно со 18 часот, попишани се 502.000 лица во Македонија.
Податокот го објави денеска Државниот завод за статистика и информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.
„Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во бирото за попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас“, објави ДЗС на официјалната Фејсбук страница за Попис 2021.ДЕНЕС ИМА 18 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 132, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од: Скопје – 189, Тетово – 68, Струмица – 32, Гостивар – 26, Дебар – 24, Кавадарци - 23, Куманово – 22, Кичево – 17, Битола и Штип - по 12, Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово – по 11, Делчево – 9, Крива Паланка и Ресен – по 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Македонски Брод – 5, Радовиш – 4, Неготино и Валандово – по 3, Кратово и Крушево – по 2, Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево – по 1.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Ќе скокнат цените на лебот и маслото за јадење. Граѓаните ќе се соочат со нови поскапувања.
