Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителството им се налути на антикорупционерите, а Агелер вели дека јавноста заслужува институции на кои ќе им верува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителството им се налути на антикорупционерите, а Агелер вели дека јавноста заслужува институции на кои ќе им верува

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ НАЛУТИ НА АНТИКОРУПЦИСКА

Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“, соопштија преку писмен допис од обвинителството.

„Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува.

Како што веќе е информирана целата јавност, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција има оформен предмет во кој се опфатени неколку кривични пријави и во чии рамки се испитува постапувањето на сите институции при конфискацијата на имотот на „Трансмет“.

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВЕЛИ ДЕКА ЈАВНОСТА ЗАСЛУЖУВА ИНСТИТУЦИИ НА КОИ ЌЕ ИМ ВЕРУВА

На надлежните за спроведување на законите, на правосудството, на останатите владини претставници е да преземат натамошни активности и тоа е до нив и нивните одлуки треба да се базираат на законите во Северна Македонија. Ова го кажа амбасадорката на САД, Анџела Агелер на денешната пресконференција во амбасадата во Скопје. 

Таа потсети на вчерашната одлука, со која се прошири листата на граѓани кои се најдоа на „црната листа“.

ЕКСПЛАНТИРАНИ ЧЕТИРИ ОРГАНИ ОД ЕДЕН ДОНОР

Министерството за здравство објави дека за прв пат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

„Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања“, информира министертсвото.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Сонцеритас АД Скопје, единственото акционерско друштво за производство на медицински канабис во Македонија, минатата година платил сметки за електрична енергија од милион евра, а од продажба, поради законските ограничувања, направил приход од само 20 милиони денари, или околу 330.000 евра.

Поминуваат трите години во кои четири македонски банки вршеа исплата на обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка, чии депозити беа до 30 илјади евра.

Забрана за наплата на провизии и надоместоци за отворање, водење или затворање на трансакциска и девизна сметка за физички и правни лица. Исто така забрана за отворање и водење на дебитна или кредитна картичка, ниту пак месечни членарини, без оглед на бројот на картички.

Пробиштип, Штип, Куманово, но и други градови се места каде струмичките земјоделци заминуваат со камиони и таму ги продаваат своите производи.

Слично

Поврзани вести