ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството го проверува работењето на „Комунална хигиена“
OJO ГО ПРОВЕРУВА РАБОТЕЊЕТО НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“
Скопското обвинителство обезбедува докази за евентуално сторено кривично дело во ЈП „Комунална хигиена“, воедно го проверува и работењето на претпријатието, соопштија од обвинителството.
„Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело. Јавниот обвинител издаде наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба, велат од ОЈО.
Претходно, вонредни надзори врз работата на „Комунална хигиена“, побара и владата.
ДАНЕЛА АРСОВСКА СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈАОткако Влада побара од МВР да се испита случајот со ѓубрето и можен криминал во ЈП Комуална Хигиена, а ОЈО веќе најави deka ќе го проверува работењето на претпријатието, се огласи Данела Арсовска преку Град Скопје.
„Мицковски несреќо, на кого се закануваш? Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ЗАМРЗНА ИМОТОТ НА БИЗНИСМЕНОТ МАРКОВСКИ
Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со бизнисменот Борче Марковски.
Сопственикот на „Марковски Компани“ е осомничен за злоупотреби со тендер во РЕК Битола за што беше поведена истрага на 9 октомври.АПСЕЊА ВО ПРИЛЕП
Приведени се повеќе лица, се истражуваат злоупотреби со јавни набавки во Прилепската болница.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ сведочат за хаосот во кој се наоѓа прептпријатието, откако неколку дена, повторно не се собира сметот во главниот град. Според изворот на Фактор, вработените не работат затоа што дел од нив не земаат плата, додека за нововработените пари има.