Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството бара доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството бара доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА УБИСТВАТА  НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев за грабнувањето и за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година побара денеска од Судот, Јавното обвинителство.

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска во завршните зборови од судскиот процес за двете свирепи убиства рече дека можеме да претпоставиме колкаво било страдањето на детето со четворица непознати, кој ја грабмуваат и носат некаде, ѝ поставуваат прашања и на крај ја убиваат.

ТУФЕГЏИЌ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДОКАЗИ ЗА ВМЕШАНОСТ НА ТАТКОТО НА ВАЊА

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, посочува дека од завршните зборови на Обвинителството нема основа за тужба против неговиот клиент. 

- Завршниот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети, со кои Обвинителството докажува дека овие луѓе имале претходно разработен план, односно дека од првото грабнување се откажале и ги појаснија причините зошто се откажале и дека реализацијата на планот е завршена во понеделникот - изјави Туфегџиќ по денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, каде Основното јавно обвинителство го даде својот завршен збор.

МИЦКОСКИ ГО КРИТИКУВАШЕ ОСМАНИ, ТОЈ СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈА

Поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска изјави дека Османи, за време на преговорите за македонскиот јазик и идентитет, го погодил македонскиот идентитет со нож во белите дробови. 

Османи пишува дека Мицкоски, наместо да промовира соживот и да се грижи за меѓуетничката кохезија, промовира омраза и навредлив јазик.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Плановите на Владата за трошењето и задолжувањето се претставени во најновата Фискална политика за периодот 2026 - 2030 година, која, како што е наведено,„ќе биде насочена кон подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето со јавните финансии и високо ниво на капитални расходи“.

Дел од граѓаните веруваат дека финансиската помош од државата во износ од 100.000 евра може да ги врати младите на село, но други пак се скептични.

Владата повторно дозволи да му се издаде под закуп огромно земјоделско пространство на „ХемАлијанс“, фирма обвинета во случајот „Адитив“, чие судење започна пред две недели кое се однесува на набавката на хемиски препарат против созадавање на згура и троска во котлите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.

Слично

Поврзани вести