Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителката Ленче Ристоска си поднесе оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителката Ленче Ристоска си поднесе оставка

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Ленче Ристоска објави дека повеќе нема да биде јавен обвинител и дека се повлекува од оваа функција. Ваквата реакција на поранешната обвинителка следи откако беше тргната од водењето на случаите Талир 1 и Талир 2. Во продолжение ја објавуваме реакцијата на Ристоска во целост.

„Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи. 

Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели — такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување на законски решенија, чување предмети во фиока и застарување на предмети. 

САВЕСКИ ЖАЛИ ЗА ОСТАВКАТА НА РИСТОСКА

Јавниот обвинител на државата Ненад Савески изрази жалење за оставката на обвинителката Ленче Ристоска, нагласувајќи дека нејзиното заминување претставува загуба за институцијата, особено имајќи ја предвид нејзината улога како обвинител за врски со Европравда.

Во писмена изјава, Савески посочи дека за оставката бил известен преку СМС порака, додека причините за одлуката ги дознал од медиумите.

СВЕДОЧЕШЕ И БРАТОТ НА ИВАНА КОЈА СО ЌЕРКАТА КАТЈА СЕ ФРЛИ ОД ЗГРАДА

Братот на починатата Ивана, Александар Стојановски денеска на суд кажа дека таа била жртва на уцени, физичко насилство и имотен грабеж. Како виновник за ваквата состојба го посочи нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски. 

Рече дека Ивана живеела во страв дека сопругот фалсификувал документи за да ѝ го преземе станот.

„Ивана ни кажа дека Стојанче ѝ се заканувал дека ќе ѝ го земе станот и ѝ барал 30.000 евра за да си оди. Таа не се враќаше кај него доброволно, туку поради страв за сопствениот живот и за безбедноста на 6-годишната Катја. Беше изолирана од пријателите и под постојан надзор“, сведочеше Александар.

АКЦИЈА ПРОТИВ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

Секторот за Компјутерски Криминал при БЈБ -Министерството за Внатрешни Работи, во координација со Отсеците за Компјутерски Криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на целата земја. 

- Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и Дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик при што ќе бидат одземени компјутерски уреди и компјутерски податоци кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка, велат од МВР. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Групацијата Фершпед АД Скопје ја заврши 2025 година со позитивен финансиски резултат, и покрај падот на приходите, покажуваат консолидираните извештаи на компанијата објавени на Македонска берза. 

Лебот во Македонија поскапува од 3 до 5 денари, а производителите објаснија дека покачените трошоци ги натерале на ваков чекор. Годинава струјата поскапи, а од март месец и минималната плата се зголеми. Војната на Блискиот Исток влијае на цените на нафтата и тоа е удар за бизнисите.

foto printskrin

Слично

Поврзани вести