ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинители од СЈО го засилуваат тимот на Русковска, оваа одлука кај некои предизвика разочарување
ОБВИНИТЕЛИ ОД СЈО ВЛЕГУВААТ ВО ТИМОТ НА РУСКОВСКА
Обвинителите од поранешното СЈО, Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, како и обвинителките Катерина Коларевиќ и Наташа поп Трајкова, ќе бидат обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Имено, петмина од вкупно 14 јавни обвинители кои се пријавиле на огласот за обвинители во ОЈО ГОКК, се избрани од Советот на јавни обвинители за тоа обвинителство.
Како што е познато, пред да премине во СЈО, обвинителката Лиле Стефанова веќе работеше во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал.
Инаку, на огласот беа пријавени и обвинителката Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе, кои исто така беа дел од тимот на СЈО, но тие не го добија потребното мнозинство и не а беа избрани за јавни обвинители во ОЈО ГОКК, со кое раководи обвинителката Вилма Русковска.Oбвинителката Ленче Ристоска во изјава за 360 степени не го криеше своето разочарување од одлуката на Советот на јавни обвинители. Посакува барем да имало образложение зошто членовите на Советот гласале така како што гласале.
„Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување“, вели таа.НОВИ 603 ЗАРАЗЕНИ И 39 ПОЧИНАТИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип – по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево – по 3, Берово, Делчево и Крушево – по 2, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 641 оздравени пациенти од:
Скопје – 197, Охрид – 98, Струга – 48, Прилеп – 41, Битола – 38, Куманово – 35, Велес – 34, Струмица – 26, Штип – 23, Гостивар – 22, Тетово – 20, Кичево – 15, Кочани и Гевгелија – по 8, Радовиш – 6, Виница и Пробиштип – по 5, Ресен – 4, Крива Паланка – 3, Свети Николе и Берово – по 2, Пехчево – 1.
Пријавени се вкупно 39 починати лица.
ШЕКЕРИНСКА НЕМА ДА БИДЕ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО СДСМ
Нема повторно да се кандидира за заменик претседател на СДСМ. Долги години наназад беше во врвот на партијата, секогаш рамо до рамо со претходниот, но и со сегашниот лидер, но сега смета дека треба да им се отстапи простор на нови кадри.
Две години беше и лидер на партијата, но по парламентарните избори во 2008 година, се повлече.
Вели дека е горда што учествувала во почетоците на СДСМ како прогресивна ненационалистичка партија, која не мисли на популизам, туку на иднината.
Како дел од лидерството на СДСМ, многу често била вклучена во носење на тешки одлуки и решавање на проблеми. Горда е што е дел од Владата која по 30 години им испорачала на своите граѓани членство во НАТО. Но, и на економските резултати, а пред се зголемувањето на минималната плата.УАПСЕН ПЕДОФИЛОТ КОЈ ВОЗНЕМИРУВАШЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ
Полицијата го уапси возрасниот маж кој на социјалните мережи им се обраќал на помали девојчиња, а комуникацијата беше споделена на Фејсбук групата СТОП Педофилија.
Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, а во моментот кога комуницирал со девојчињата престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе.
Станува збор за Б.Т., на кому полицијата му го одзела мобилниот телефон, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
