ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителен предлог има против три физички лица и едно правно за пожарот во модуларната болница во Тетово
TРИ ФИЗИЧКИ И ЕДНО ПРАВНО ЛИЦЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ПОЖАОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО
Обвинителен предлог има против три физички лица и едно правно за пожарот во модуларната болница во Тетово која се случи на 8 септември лани и однесе 14 жртви.
Тешки дела против општата сигурност е кривичното дело за кое се товарат прво и второобвинетиот во Предлогот на тетовското Обвинителство, а непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е делото што му е припишано на третообвинетиот.
Две кривични дела се однесуваат за правното лице – предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Вештачење за причините на пожарот спроведоа и експерти од Германија.ДЕМОНСТРАНТ ДОБИ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР
Кривичниот суд го осуди 26-годишниот скопјанец Александар Филиповиќ на едногодишна затворска казна по призната вина, откако за време на протестите против Францускиот предлог фрли молотов коктел кон кордонот полицајци пред Собранието.
19-годишниот скопјанец Јане Смилевски, обвинет дека го подготвувал стакленото шише со бензин и ткаенина, доби условна казна. Двајцата беа обвинети за кривичното дело предизвикување општа опасност.НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ
Силен дожд 15-тина минути паѓаше во Скопје, а има и искршени дрвја во населбата Аеродром.
Синоптичарите најавија дека попладне ќе има нестабилност со услови за дожд и невреме. Деновиве имавме високи температури во државата.ОШТЕТЕНИ МАКЕДОНСКИ ВОЗИЛА ВО ГРЦИЈА
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
