ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите за злоупотреба на пари од ИПАРД седнаа на обвинителна клупа
ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ПАРИ ОД ИПАРД
Ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, кој заедно со уште неколку физички лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и уште едно правно лице, се сомничат за повеќе кривични дела поврзани со финансиски малверзации и примање поткуп во врска со користење средства преку европската ИПАРД-програма, седнаа на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје.
Судењето, како што беше договорено на денешното подготвително рочиште, продолжува на 30 април, за дел од одбраната на обвинетите да изврши увид во доказите, кои, како што реагираа, дел не им биле доставен, а дел не бил во електронска форма.ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ВО РЕК БИТОЛА
Дури 81 вработен од РЕК Битола денеска побарале итна лекарска помош во Клиничката болница во Битола поради симптоми на труење со храна. Сите пријавиле слични стомачни тегоби по консумирање на оброк во кујната.
Специјалистот инфектолог, д-р Хараламбос Сидиропулос, потврди дека на сите лица им е укажана помош, а најголем дел се пуштени на домашно лекување со лесна клиничка слика.
АРМ СЕ ЗАСИЛИ СО НОВИ ОКЛОПНИ ВОЗИЛА
Армијата на Република Северна Македонија доби нови оклопни возила Stryker, кои денеска беа промовирани во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, во присуство и на премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за првата испорака од 17 возила, од вкупно 42 што треба да пристигнат во рамки на договорот со Соединетите Американски Држави.
Набавката е дел од процесот на модернизација на Армијата и од соработката меѓу Северна Македонија и САД по принципот Влада со Влада. Покрај Stryker, во рамки на оваа соработка претходно се испорачани и 96 лесни оклопни возила JLTV.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
