Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите за „Пулс“ го немаат добиено интегрираното обвинение, судењето продолжува на 2 декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите за „Пулс“ го немаат добиено интегрираното обвинение, судењето продолжува на 2 декември

СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПРОДОЛЖУВА НА 2 ДЕКЕМВРИ

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува на 2 декември. На денешното рочиште присутните законски застапници на општетените пред Судот изјавија дека се приклучуваат кон кривичен прогон и дека своите права и оштетно побарување ќе ги остваруваат во граѓанска постапка. 

Судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека утрешното рочиште се отповикува, а на следното рочиште треба да бидат повикани и останатите законски застапници на оштетените за да може и тие да се произнесат.

Пред почетокот на денешното рочиште, дел од одбраната реагираше дека го немаат добиено изменетото обвинение.

ВЛАДАТА ИМЕНУВАШЕ ПОВЕРЕНИЦИ ЗА ЧЕТИРИ ОПШТИНИ

Владата денеска ги именува своите повереници за општините Маврово Ростуше, Центар Жупа, Врапчиште и Гостивар во кои не се избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори. Претходно, Државната изборна комисија(ДИК) ја извести Владата дека во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

„Во однос на истото, согласно член 134 став 2 од Изборниот Законик Владата за повереници за вршење на работите од надлежност на градоначалник за наведените општини ги именува: Онер Јакупоски за повереник за општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар“, соопшти Владата

ОЈО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА НЕОСНОВАН КУСОК ВО СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик, соопштија од обвинителството.

„Осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба и иако биле должни да ја известат Владата на РСМ за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно дека е настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен (период од 2019-2021 година), истите доставиле неточни податоци и информации. Со ова дејствие лицата постапиле спротивно на Законот за стоковните резерви.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Голем број наши сограѓани заминуваат на работа во странство, а статистиката на Министерството за внатрешни работи(МВР) покажува дека неколку илјади луѓе пријавиле престој надвор од државата, но и живеалиште надвор од границите на Македонија. Заминуваат поединци, но и цели семејства.

Од ниту една парламентарна или анкетна расправа во Собранието по најголемата трагедија предизвикана од пожарот во дискотеката во Кочани во поновата македонска историја, до најава за формирање на две анкетни комисии по предлог и на власта и на опозицијата.

Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица, во анкетниот лист за имотната состојба доставен до Државната комисија за спречување корупција во графата „интереси“ ја впишал фирмата „Икарус“, која има добиено државна неповратна помош од повеќе од 20.000 евра во изминатиот период.

Слично

Поврзани вести