ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите имале и неуспешен обид за грабнување на Вања
ОБВИНЕТИТЕ ИМАЛЕ НЕУСПЕШЕН ОБИД ЗА ГРАБНУВАЊЕ НА ВАЊА
Обвинетите за грабнувањето и убивањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, имале неуспешен обид за делото да го сторат на 24 ноември во 2023 година. Според обвинителите, во куќата на обвинетиот Велибор Манев се подготвувале за киднапирањето.
Прв кај Манев доаѓа Велибор Видевски со возило „Шкода“, во 3:47 минути. Обвинителите објаснија дека се гледа дека е облечен со истата јакна и капа кои ги носел денот кога е убиен Жежовски. Презентирајќи ги снимките, обвинителите рекоа дека Манев и Видевски разменуваат ракавици, а Видевски, ги навлекува на рацете. Оттука, одат пеш во правец кон Велес, а на која страна се наоѓа и домот на веќе убиениот Жежовски (на соседна улица). Обвинетите имале и лопати со себе.ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Е ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ХИМНАТА
И македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова е против промена на грбот и химната.
Таа вели дека не сака нови конфликти. Објасни химната ја одразува историската меморија на земјата и нема потреба од никакви промени.
„Доколку ме прашате за химната, моето мислење е јасно – нема потреба од промена. Таа не само што е одраз на сегашноста, туку изразува и историски белези кои не треба да се менуваат. Иако химните во повеќето држави имаат важна историја и значење, ние не сме тие кои ќе решаваме дали и како тие треба да се менуваат“, изјави Сиљановска-Давкова.ТРАМП ПОНУДИЛ НОВ ДОГОВОР НА УКРАИНА
Администрацијата на Доналд Трамп понуди „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот претседател со одбивањето на понудата, изјавија украински и американски официјални лица.
Трамп го нарече Зеленски диктатор кој избра војна со Русија, додека украинскиот претседател го обвини својот американски колега дека верува во руски дезинформации. Извори од двете страни велат дека договорот е сигурен.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
