Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Објавени детали за сообраќајката кај Сити Мол, обвинителството бара притвор за возачот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Објавени детали за сообраќајката кај Сити Мол, обвинителството бара притвор за возачот

ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО КОЈА ЗАГИНА МЛАДА ДЕВОЈКА

Осомничениот, 22-годишниот Ј.Ѓ. на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со автомобил Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомничениот управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.

Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа.

ДЕНЕС ИМАМЕ НАД 2.000 ИНФИЦИРАНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово - 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен – по 28, Охрид, Берово и Валандово – по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш - по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар – по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 6, Виница и Македонски Брод – по 3, Демир Капија и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.

КАРПА ОД 20 ТОНИ И СЕ ЗАКАНУВА НА МАТКА

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување на кризи, денеска алармираше дека во кањонот Матка над браната има нестабилна карпа со тежина од 20 тони на висина од 100-тина метри. Таа може во секое време да се излизга и да падне во водата, но и да повлече со себе лавина од други карпи и камења кои би можеле да го загрозат ѕидот на хидроелектраната.

ЕВН Електрани веќе биле предупредени од алпинистите дека карпата е во нестабилна состојба.

- Долга е од 6 до 8 метри кубни и тежи 20 тони, на висина од 100 метри. При лизгањето постои можност да биде предизвикана лавина од други камења кои би паднале во близина на ѕидот, но ние дополнително сакаме да ги провериме ваквите податоци. Падот би бил во непосредна близина на испустот. Карпата се наоѓа на самиот врв од гребенот, изјави Ангелов.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Балкан Енерџи Груп влезе во рамковна спогодба во вредност од 40 милиони евра за набавка на мазут со РКМ, компанијата на бизнисменот Ратко Капушевски, пред операторот на топловодната мрежа да биде официјално администриран од АД ЕСМ додека трае енергетската криза за топлинска енергија.

Се очекува ли последниот бран на ковид оваа пролет, експертите по ова прашање имаат поделени мислења. По најавите дека од следнава недела дел од европските земји ќе ги укинат сите антиковид мерки, научната фела вели дека можеби засега тоа ќе биде привилегија на побогатите држави, онаму каде што има опфат на вакцинација повеќе од 80 отсто и онаму каде што први ќе имаат пристап до надградените вакцини против варијантата омикрон, мутација која успешно го заобиколи имунитетот стекнат по природен пат со прележување, како и антителата создадени по вакцинацијата.

Момчето на загинатата Викторија. Н, 24-годишниот Л. Д. по тешката трагедија кај Сити Мол бил однесен во Клиниката за хируршки болести, „Свети Наум Охридски“ од каде велат дека немал сериозни телесни повреди за кои е потребен болнички третман и хоспитализација, па по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување. Информацијата за Фактор ја потврди директорот на Старата градска болница, д-р Љубен Арсенков.

Досега има три барања за апанажа, потврдуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери за новинарите.

На 22 годишниот Ј.Ѓ., кој вчера ја предизвика тешката сообраќајка кај Сити мол, во која загина млада 24 годишна девојка. Викторија.Н., а нејзиниот пријател е тешко повреден, веднаш му е земена крв и урина, што всушност секогаш се прави во вакви случаеви, со цел да се утврди дали тој имал алкохол во крвта или други супстанци, дознава Фактор од извори во истрагата.

Слично

Поврзани вести