ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбдукцијата откри насилна смрт кај двете жени во Старо Нагоричане
ОБДУКЦИЈАТА ОТКРИ НАСИЛНА СМРТ КАЈ ДВЕТЕ ЖЕНИ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ
Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Судска медицина проф. д – р Александар Станков за МИА изјави дека станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена, но дека се подготвува писмениот извештај кој најверојатно до понеделник ќе биде доставен до Обвинителството.
ЗАЕВ ГИ ТУЖИ БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ И ЖАН МИТРЕВ
Откако денес Зоран Заев објави дека ќе поднесе тужба за Бране Петрушевски, се огласи и Петрушевски со реакција. Вели дека вистината секогаш излегува на виделина.
„Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината.
Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон.
Јас стојам зад секој јавно изнесен збор и подготвен сум аргументите со Заев да ги соочиме пред судот и пред јавноста. Судницата не е средство за заплашување, туку место каде се утврдува вистината.МУЗИЧАРОТ ТОНЕВ СВЕДОЧЕШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
Музичарот Горан Тонев, кој настапувал со бендот ДНК, сведочеше за трагичната ноќ во дискотеката „Пулс“. Тој објасни дека имал устен договор со клавијатуристот Филип Стефановски да биде надворешен соработник на бендот и да свири гитара на нивните настапи. Во неговиот исказ, сведочеше дека не забележал кој ја поставил и кој ја активирал пиротениката во дискотекта.
- Тоа беше период од година и три месеци, имав устен договор со Филип Стефановски, клавијатурист на бендот, да бидам надворешен соработник на бендот ДНК и да свирам гитара со нив. Тој нѐ организираше нас, музичарите во колку часот, каде да бидеме и не известуваше за настапите - рече Манев.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Википедија/Македонец
