Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Новороденче почина од сепса на Детската клиника во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Новороденче почина од сепса на Детската клиника во Скопје

БЕБЕ ПОЧИНА ОД СЕПСА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

Почина новороденче од сепса, а мајката ја обвинува Прилепската болница.

Бебе старо 10 дена кое е родено во Прилеп, почина од сепса на Детската клиника во Скопје. Според мајката на детето, која случајот го обелодени на Фејсбук, за смртта на нејзиното трето дете, виновни биле лекарите во прилепската болница. Вели дека на 27 октомври родила здраво машко дете со АПГАР 10, а по два дена лекарите и кажале дека новороденчето треба да оди на зрачење поради жолитца. Процесот траел цела ноќ, а детето е препратено на лекување во Скопје.

ПРОДОЛЖУВААТ ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ ВО ГАЗА

Се појавија вознемирувачки снимки од борбите меѓу палестинската терористичка група Хамас и израелската војска. 

Борбите се водат на улиците во Газа. Од снимките се гледа дека Газа е во урнатини. 

Израел нема да запре додека не ја уништи Хамас, групата која на 7-ми минатиот месец почна со напади. Истовремено, Израел се закани на либанската група Хезболах дека ќе направат грешка ако состојбата ескалира. 

РУСИЈА САКА ДА ГИ ВРАТИ ИЗГУБЕНИТЕ ПОЗИЦИИ КАЈ БАХМУТ

Украина потврди дека Русите напаѓаат во Бахмут. 

Руските сили ги интензивираа напорите во секторот Бахмут да ги вратат загубените позиции. Ова го потврди командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Олександр Сирскиј во објава на Телеграм, пренесува Укринформ

„Насоката Бахмут. Русите станаа поактивни, се обидуваат да ги вратат претходно изгубените позиции“, напиша Сирски. 

Слично

Поврзани вести