ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ново невреме во Македонија, погодени се повеќе општини
ПОВТОРНО ИМАШЕ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Попладнево повторно силно невреме ја зафати нашата земја, а како што јавува Центарот за управување со кризи, најпогодени се Крива Паланка, Велес и Кавадарци.
Од ЦУК посочуваат дека од силниот пороен дожд кој во попладневните часови ја зафати територијата на општина Крива Паланка надојдена е реката Латковица кај с. Огут. Од надојдената буица-вода кај пропустите на патот прекинат е сообраќајот на регионалниот патен правец с.Огут кон с. Нерав. Регионалниот пат води кон граница со Република Србија.ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ
Зоран Димитриевски, поранешен заменик министер од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, кој потоа поднесе оставка од таа функција, а кој на јавноста и е познат како новинар и колумнист, вчера шокираше со своја изјава дадена за емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија.
Тој имено, тврди, дека од СДСМ неодамна биле испратени лица на средба со екс премиерот Никола Груевски, кој сега е азилант во Унгарија, со цел да му се нуди, како што вели Димитриевски, амнестија нему и за негови блиски луѓе, во замена да се обезбедат пратеници за да поминат уставните измени во земјава, со кои Бугарите би влегле во македонскиот Устав.СПАСОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА ГО РАСЧИСТИЛА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУГА
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прогласи за расчистен инцидентот кој вчера се случи во Струга, каде едно лице го тепало претседателот на бугарското здружение „Шемето“, Бекир Кадриески.
Веднаш да се врати ветото за прием на Македонија во ЕУ, бара лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов.КОСОВСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ СЕ УАПСЕНИ ВО СРБИЈА
Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на вонредна прес-конференција изјави дека специјалците на косовскиот премиер Албин Курти биле длабоко на територијата на централна Србија.
Вели дека српската полиција не ја поминала административната линија ниту милиметар. Петковиќ кажа дека Србија е подготвена да ги понуди сите докази и повика да се отвори меѓународна истрага доколку е потребно, јави дописникот на МИА од Белград.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
