ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови лажни дојави за бомби, Спасовски вели дека веројатно се работи за хибридни напади
НОВИ ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБA
Пријавите за бомби во девет училишта во Скопје се лажни.
Министерството за внатрешни работи(МВР) ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од полицијата.СПАСОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЗНААТ ОД КАДЕ СЕ ИСПРАТЕНИ МЕЈЛОВИТЕ
Дојавите за бомби се лажни, веројатно се работи за хибридни напади, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откако денеска втор ден по ред имаше дојави за бомби во училишта во Скопје.
Спасовски во интервју за информативната емисија Win-Win даде повеќе детали.
ЛОША Е СОСТОЈБАТА ВО ХЕРСОН ВО УКРАИНА
Ситуацијата во насока на Херсон почна да се менува, а не на подобро за Киев. Ова го соопшти советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина Алексеј Арестовиќ.
Ситуацијата која во моментов може да се забележи во околината на Херсон се менува во непријатна насока за Киев, изјави на каналот Јутјуб Алексеј Арестовиќ, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Како што прецизираше политичарот, руската армија дополнително распоредила околу шест баталјони тактички групи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
