Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови лажни дојави за бомби, на мета училишта, трговски центри, полициска станица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови лажни дојави за бомби, на мета училишта, трговски центри, полициска станица

ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБА НЕ ЗАПИРААТ

Денеска Скопјани се соочија со нови закани за бомби. Новина е што овој пат има дојави за поставени бомби во приватни згради, во полициска станица и во неколку трговски центри во главниот град.

Секако, дојави за поставени бимби има и за средните училишта во Скопје, и тоа во седум училишта, потврдуваат од Министерство за внатрешни работи. 

ОСМАНИ ПРИМА ИНФУЗИЈА ВО КАНЦЕЛАРИЈА

Што се случува со министерот за надворешни работи Бујар Османи, е прашањето што си го поставува јавноста, откако денеска беше објавена специфична фотографија на социјалните мрежи.

Албанскиот портал Ина-онлајн објави фотографија од кабинетот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а на која се гледа како шефот на македонската дипломатија има состанок со луѓе, но додека се одвива состанокот тој практично прима инфузија.

Пластично шише полно со течност е закачено на закачалката, а цревото за инфузија е доволно долго за да стигне до фотелјата на којашто седи министерот.

ПРОБЛЕМИ НА КОСОВО

Според српските власти, Приштина подготвува окупација на северно Косово.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска изјави дека Приштина „со незаконски и насилни дејствија подготвува окупација на северот на Косово и Метохија и создава простор за насилно наметнување“ на одржување на избори.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако Русија ја почна војната во Украина, Грузија очекуваше економски штети, но се случи обратното.

Фудбалскиот тренер Александар Влахо и поранешниот фудбалер Бесим Речи се сопствениците на проектите за изградба на три фотосоларни централи кои ги продава на израелскиот гигант Big Shopping Centers, познат по тоа што купува недвижнини на Балканот и поседува трговски молови во регионот.

Драматично расте каматата на државните обврзници преку кои државата се задолжува на домашниот пазар. 

Струјата и горивата ги горат најголемите и најуспешни македонски компании. Ситуацијата е повеќе од алармантна, а реакциите на Бранко Азески, претседателот на најголемата бизнис комора се повеќе од оправдани. 

Сезоната на респираторни заболувања кај децата веќе го зема својот замав. Во голем дел од училиштата, одделенијата речиси и се преполовени. Амбулантските прегледи се значително зголемени, но има голем број деца кои мора да се хоспитализираат.

Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје бара зголемување на цените за водоснабдување поради зголемени трошоци. Барањето е доставено до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија.

Слично

Поврзани вести