ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови дојави за бомби, АНБ доби нов директор
ПАК ИМАШЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ
Утринава нови закани за поставени бомби се испратени во дел од средните училишта во главниот град. Како што дознаваме, досега, дојави за бомби се испратени на електронските адреси на гимназиите „Орце Николов“, „Георги Димитров“ и „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“.
Закана за експлозивна направа локација во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, кое се наоѓа во непосредна близина на Клиничкиот центар. Дојави се испраќаат и на електронските адреси на гимназиите „Орце Николов“, „Георги Димитров“ и „Јосип Броз Тито“.АНБ ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР
Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.
Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот
ВЛАДАТА ЈА РАЗРЕШИ СИМЕСКА ДИМОСКА
На 109 - та седницата Владата ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.
Владата го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
