ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови дојави за бомби, а главниот синдикалец во „Водовод“ доби отказ
ПОВТОРНО ИМАШЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ
Утрово повторно со нови закани за поставени бомби во средните училишта во Скопје. Веќе седми пат пристигнуваат дојави за подметнати бомби во копските училишта. И денеска, како и вчера, за разлика од минатите дојави, заканите пристигнуваат порано, па веќе се празнат училниците до ученици.
СИНДИКАЛЕЦОТ ВО „ВОДОВОД“ ДОБИ ОТКАЗ
Во период кога е најавен штрајк во ЈП Водовод и Канализација, директорот на препријатието му дал отказ на главниот синдикалец.
„В.д Директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Марјанче Митовски продолжува со своето шерифско однесување и утринава спротивно на Закон и колективен договор му дал отказ на претседателот на Синдикатот во Водовод и канализација Скопје, што е преседан во работењето имајки предвид дека в.д директорот е непресметлива личност, со конфликтна состојба на работа, со лоши мисли, кој смислил дека како одговор на најавениот штрајк во ЈП Водовод и канализација сега е моментот да му даде отказ на претседателот на синдикатот Кашиковски.КОНТРАВЕРЗЕН УКРАИНСКИ БОГАТАШ ДОБИЛ МАКЕДОНСКИ ПАСОШ
Владата на седница во мај му одобрила македонски пасош на контроверзниот поранешен украински политичар Олександр Онишченко, кој е познат по луксузниот начин на живот.
Избеганиот украински политичар кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство иако за него има и потерница од Украина поради финансиски малверзации а Вашингтон го стави на листата под санкции, бидејќи бил „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“, пишува Призма.
УКРАИНЦИТЕ СЛАВАТ ВО СЛОБОДЕН ХЕРСОН
Жителите на Херсон се возат низ градот со автомобили на кои веат украински знамиња и свират, откако беше потврдено дека украинската војска влегла во Херсон. На овој начин им ставија до знаење на сите дека Херсон е ослободен по окупацијата која траеше подолго од осум месеци.
Фотографии се шират: Граѓаните поставија знамиња, добредојде на украинската војска
На социјалните мрежи кружат се повеќе фотографии од Херсон. Граѓаните на тој до неодамна окупиран град поставија неколку украински знамиња и ги пречекуваат припадниците на вооружените сили на Украина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
