Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нов начин на издавање лични карти од понеделник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нов начин на издавање лични карти од понеделник

НОВ НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ  НА ЛИЧНИ КАРТИ ОД ПОНЕДЕЛНИК

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека започнува со нов начин на издавање на лични карти.

„Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, се вели во соопштението на МВР. 

ВО КУМАНОВО СИСТЕМ „ЗЕМИ БРОЈЧЕ“

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека во Куманово е тестиран системот „Земи бројче“, за полесно издавање на лични документи. 

Тошковски  веста ја соопшти на Фејсбук. „Земи бројче“ е во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и има за цел да направи ред на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи и наскоро ќе биде ставен целосно во функција.

„Денеска во просториите на Отсекот за управни работи – Куманово, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација го тестиравме системот „Земи бројче” кој има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи, а кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција. Продолжуваме и понатаму со изнаоѓање на конкретни решенија кои имаат за цел да ги олеснат постапките поврзани со процесот на издавање на лични документи“, објави Тошковски.

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА ПРИФАТИ НА ЛЕКУВАЊЕ УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ

Северна Македонија е подготвена да прифати на лекување украински војници, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Таа не ја исклучува можноста ранети украински војници да се лекуваат во македонските болници. Но, вели дека за ваквата идеја засега не разговарале на седница на влада. За идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот Стево Пендаровски разговарал на самитот Украина - Западен Балкан. 

Слично

Поврзани вести