ФАКТОР НА ДЕНОТ: Николоски бара Обвинителството да истражи зошто планираната трета фаза од пругата кон Бугарија ќе чини 24 милиони евра за еден километар
НИКОЛОСКИ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ ЗА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, апелираше јавниот обвинител да постапи по наводите на државниот завод за ревизија.
Тој се осврна на билатералниот договор меѓу ЕУ и Македонија, проценетата вредност на третата фаза од Коридорот и железничката пруга кон Бугарија е 340 милиони евра. Нагласува дека ДЗР утврдува дека до денот на ревизијата, вредноста е зголемена и изнесува 560 милиони евра што е зголемување од 220 милиони. Се работи за изградба на 23,4 километри железница што доколку пресметате ќе добиете дека еден километар чини 24 милиони евра што е најскап километар било каде во светот, информира денеска новиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
Според него, претходната влада во предизборен период распишала тендерска постапка за кој што денес 26-ти јуни, завршува рокот за поднесување на понуди.MИЦКОСКИ ПРИЈАВИ КАКОВ ИМОТ ПОСЕДУВА
Премиерот Христијан Мицкоски како нов премиер ја пријави имотната состојба во Државната комисија за спречување на корупција.
Анкетниот лист на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е објавен за прв пат по подолго време, бидејжи претходно Мицкоски беше директор на АД ЕСМ пред седум години.
ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Пријави за штети од невреме има во Тетовско, а невреме имало и во Гостиварско и Кумановско.
Регионалниот ЦУК Тетово информира дека на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени приајви за последици од невремето во Тетовско.
На 112 во ЦУК е добиена пријава од вработен во ресторан „Шари“, Лисец (Општина Тетово) кој информира за оштетување на повеќе коли од невремето, на паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.НЕДОСТАСУВААТ 40 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПЕНЗИИ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Драчево рече дека од септември ќе има линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, но и дека во моментов недостасуваат околу 40 милиони евра во буџетот и најави истрага.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
За да се заштитат од змии, граѓаните купуваат репеленти. Нив ги има во аптеките, но истите се нудат и на интернет. Од земјоделските аптеки објаснуваат дека имаат редовни муштерии, луѓе кои секоја сезона си набавуваат средства против змии.