Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме зафати делови од Македонија, има поплави во Гостивар

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме зафати делови од Македонија, има поплави во Гостивар

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Невреме со пороен дожд денеска имаше во Велес и Гостивар. Во Гостивар, паѓаше и град со големина на лешник. 

Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината Гостивар, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.

Според информациите од ЦУК на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

АРАЧИНОВО СТАВИ КЛУЧ НА ВРАТА

Поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази, се јави со изјава за ТВ21 откако општината денеска стави клуч на врати и актуелниот градоначалник Ридван Ибрахими пред медиумите рече дека нема услови за работа по претрпените закани.

Ајвазиј во изјава за ТВ21 вели дека земјиштето не е узурпирано туку со него управува неговото семејство и, како што рече, некои други сиромашни семејства Според него, ова земјиште се користи веќе десет години и овие семејства живеат од истотот. Тој негира дека му се заканувал на градоначалникот.

ИВАНОВСКА ВЕЛИ ФАЛАТ ДЕЛОВИ ОД ДОГОВОРОТ БЕХТЕЛ И ЕНКА

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, денеска пред медиумите рече дека недостасуваат делови од договорот со изведувачот Бехтел и Енка што на „Антикорупциска“ и го достави Владата.

Првиот човек на ДКСК вели дека сите членови на нејзината комисија поседуваат безбедносни сертификат и затоа очекувале да им биде доставен целосниот договор со американско-турскиот конзорциум кој ќе ги гради автопатите од коридорите 8 и 10д.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Спласнува ли интересот за купување станови или напротив се купуваат, но без притоа да се користат хипотекарни кредити. 

Многу работа за малку пари, но важно е да се задоволни купувачите. Ова би бил логичен заклучок кога ќе се вкрстат параметрите за обемот на продажба, заработката и продуктивноста кај наголемите ланци за продажба на апарати за домаќинство и бела техника.

Скопје е град со модерни трговски центри во кои секој може да ја почувствува магијата на купувањето. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести