Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме во Скопје, поплавени улици, „заглавени“ граѓани во сообраќајот, откорнати покриви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме во Скопје, поплавени улици, „заглавени“ граѓани во сообраќајот, откорнати покриви

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ

Полицајци во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.

Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.

Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повреди. 

Невремето кое попладнево го погоди Скопје, направи штета на повеќе места низ Општина Кисела Вода.

ДЗСИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА МЛАДОТО МОМЧЕ ОД БЕРОВО

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, извршен е вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила со смртен исход – матичен стоматолог, матичен лекар и Итна медицинска помош Берово, ЈЗУ Клиничка болница – Штип и ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје.

ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ ПОСТАВУВА СЕКОЈ БЕЗ ДОЗВОЛА ОД ОПШТИНАТА

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, на денешната прес-конференција објави дека Владата ги усвоила измените на Законот за градбба, со кои домаќинствата и компаниите ќе може да поставуваат фотонапонски централи на своите објекти без дозволи, односно решенија од матичните општини.

„Се наоѓаме во сериозна светска енергетска криза, како министерство сме во контакти за обезбедување на најповолни услови за секој граѓанин да постави електроцентрали на своите објекти. И во постоечкиот закон има процедура, но најчесто од општината како локална самоуправа, но во ова време  неизвесноста обврзува поповолни и поедноставни процедури“, рече Бочварски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Градежниот гигант „Бетон“ заглавува се повеќе во своето работење, а изминатите денови извршител издал налог за заплена на уделите што ги има оваа компанија во подружниците за градежни суровини - Бетон-Про, Бетон Агрегати и Бетон Каменолом.

Владата се задолжува буквално на сите страни. Бара пари на заем и од конкретни домашни банки, но и преку домашни институционални инвеститори, преку издавање на државни обврзници.

Министерот Фатмир Бесими денеска објасни зошто Владата зема краткорочен кредит од Шпаркасе банка на износ од 50 милиони евра, за кој уште утрово ексклузивно објави Фактор. 

Многу наши училишта и градинки, јавни установи, агенции, дирекции и министерства струјата што ја трошат денеска ќе ја платат по неверојатни 808 евра за еден потрошен мегаватчас електрична енергија! 

Слично

Поврзани вести