Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме ја зафати Македонија, имаше пожари, откорнати покриви, штети на овошки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме ја зафати Македонија, имаше пожари, откорнати покриви, штети на овошки

НЕВРЕМЕ И ВО МАКЕДОНИЈА

Четириесетина штети се пријавени од невремето во Скопје. 

Невремето во Скопје предизвика оштетувања на покривни конструкции, на повеќе места се паднати дрвја и бандери со кабли, што заедно со поплавените подвозници и делови од сообраќајниците го отежнува сообраќајот и движењето на граѓаните.

Во невреме во Кочани и Виница оштетени се покривни конструкции и градинарски култури, а интервенирано е на пожар во Жиганци. 

Невремето направи проблеми и во Струмица. Има паднати дрвја, кровна конструкција од зграда и пожар во училиште. 

РЕАКЦИИ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БУГАРИЈА ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Демократски сојуз вели дека Парламентот во Бугарија го бугаризира и Илинден. 

Од партијата на Павле Трајанов велат дека наместо подобрување на односите, Бугарија со смислена провокација пред Илинден, националниот празник на Македонците и македонската држава, со резолуција сака да го бугаризира Илинден. 

Професорката Мирјана Најчевска ги коментира провокативните изјави кои доаѓаат од Бугарија во пресрет на Илинденското востание. 

Таа прашува дали луѓето уште мислат дека Бугарите треба да влезат во Уставот. 

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СОБИРА ДОКАЗИ ЗА ОПОЖАРЕНОТО ВОЗИЛО НА ГРУБИ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веднаш по опожарувањето на возилото даде наредби и насоки за расчистување на настанот и за прибирање на доказите. 

Меѓу преземените дејствија, издадена е наредба да се обезбеди и документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото. 

„Надлежен орган да ја евидентира и следи имотната состојба на избраните и именуваните лица, како и да врши проверка на податоците во изјавите за имотната состојба е Државната комисија за спречување на корупцијата. Доколку проверките упатуваат на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности“, наведуваат од Обвинителството. 

Владата го осуди инцидентот, а претходното истото го сторија и повеќе партии. 

Слично

Поврзани вести