ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме го зафати и Прилеп, улиците беа како реки
НЕВРЕМЕ ВО ПРИЛЕП
По поројниот дожд кој го зафати Прилеп во временскиот период од 15.00 часот до 16.00 часот, заради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количини вода, дојде до полавување на улиците во централното градско подрачје со што беше отежнато одвивањето на сообраќајот.
Со намалувањето на интензитетот на врнежите, состојбата се нормализира. Екипите на ЈКП,,Комуналец“ работат на расчистување на градските улици, а ЈП,,Македонија пат“ на регионалните патишта од остатоците – наносите од водата (ѓубре, земја и друго). До овој момент немало интервенции за испумпување на вода од поплавени простории. Имало само една пријава на ул,,Цане Коњарец“, но заради ниското ниво на водата во просториите, ТППЕ Прилеп не интервенирала.ВМРО-ДПМНЕ И ГРУБИ СЕ ПРЕПУКУВААТ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако првиот вицепремиер Артан Груби ја губи власта, барем нека не го губи достоинството со измислици и лаги.
„Очигледно Артан Груби вознемирен од фактот што ДУИ може да оди во опозиција измислува пораки од Христијан Мицкоски. Груби веројатно се помешал со срцепарателните пораки и молби и лелеци до Ковачевски да не го пушти во опозиција. Ако Груби ја губи власта, барем нека не го губи достоинството со измислици и лаги. Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска задруга, туку како вицепремиер на владата во заминување“, велат од партијата.ПРОДОЛЖУВА ВРЕМЕТО СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ
Во следните часови опасност од појава на ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ, како и на ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ има во централниот дел од Македонија. Локално НЕВРЕМЕ се очекува и во другите делови од Македонија.
За кратко време и тоа со појавата на НЕВРЕМЕ ќе наврнат дури над 20 л/м2 водел талог, а невремето кое се очекува во Македонија ќе биде проследено и со ОЛУЕН ВЕТЕР, силни електрични празнења, како и со појава на град.
Опасност од појава на НЕВРЕМЕ и локални поројни поплави постои и во делови од Скопската котлина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
