ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ненад Савески е новиот државен јавен обвинител, вети дека нема да држи предмети во фиока
НЕНАД САВЕСКИ Е НОВИОТ ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Собранието денеска со мнозинство гласови го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Вицепремиерот Александар Николоски во образложението на предлогот на Владата тој да биде на чело на ЈО, изјави дека очекува да работи на враќање на довербата во институцијата. Кажа дека Савески е професионалец докажан во својата работа.
Ненад Савески во интервју за МИА дадено пред неговиот избор рече дека нема да води селективна правда бидејќи за него сите предмети се важни, ниту пак ќе има предмети во фиока. Како приоритети најави дигитализација на работењето на Обвинителството, како и поголема отчетност и транспарентност.
Рече дека ќе работи на подобрување на условите за работа.НА 30 МАРТ ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ ОБВИНЕТ ЗА НАВЕДУВАЊЕ НА САМОУБИСТВО
За неполни две недели во Основен кривичен суд Скопје ќе започне судската постапка против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство во случајот со трагедијата во скопската населба Тафталиџе, кога Ивана го загуби животот со пад од зграда заедно со својата шестгодишна ќерка Катја.
Првото рочиште е закажано за 30 март, кога Јовановски треба да биде изведен пред судот и да започне процесот во кој ќе се утврдува неговата одговорност.
Јавно обвинителство на Македонија го товари обвинетиот за четири кривични дела:
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЌЕ УРЕДИ ПАРК ВО ЧЕСТ НА ИЛЕ ГОЦЕВСКИ
Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возачот во Итната медицинска помош во Кочани, кој учествуваше во спасувањето на повредените млади луѓе по пожарот кој се случи лани во дискотеката „Пулс“. Ова го објави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски на Фејсбук. Во дворот на Здравствениот дом во Делчево ќе биде уреден парк што ќе го носи неговото име. Од општината велат дека просторот ќе биде симболичен потсетник за идните генерации за хуманоста, професионалноста и пожртвуваноста во борбата да се спаси човечки живот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото принтскрин
