Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема докази дека уапсените за убиството на лекарот во Железара се сторителите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема докази дека уапсените за убиството на лекарот во Железара се сторителите

НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА УАПСЕНИТЕ ГО УБИЛЕ ЛЕКАРОТ ВО ЖЕЛЕЗАРА

До овој момент, со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело, велат од Обвинителството за убиството на лекарот во Железара. 

Од тие причини, јавниот обвинител, по истекот на времетраењето на определената мерка краткотраен куќен притвор, нема да предлага судот да определи нови мерки за претпазливост за трите лица кои беа задржани во врска со овој настан. 

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА ЗА ПАРИТЕ ОД ЕРАЗМУС

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за „Фокус“ со име и презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на 2,2 милиони евра европски пари.

Во изјава за неделникот таа се навраќа на кривичната пријава што ја поднела во декември 2019 година за злоупотреба на 2,2 милиони евра. Ја поднела лично до тогашниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески и ги замрзнала исплатите на сите спорни проекти од пријавата.

ЧЕТВРТИ ДЕН ПОТРАГА ПО ДАНКА ИЛИЌ

Од српската полиција соопштија дека во тунелот не се пронајдени траги кои би укажувале дека двегодишната Данка Илиќ се наоѓала таму. 

„Специјалистичите тимови за спасување од урнатините при секторот на МВР за вонредни ситуации од Белград и Нови Сад, од раните утрински часови детално го пребараа тунелот, подземните канали и шахтите со вкупна должина од околу 4,5 километри, во реонот на Бањско Поле од градот Бор и во таа пригода не се пронајдени никакви траги кои би укажувале на тоа дека тука се наоѓала двегодишната Данка Илиќ“, објави МВР на Србија на својата страница на Инстаграм.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Британците купиле одлична количина на текстилни производи и за нив искеширале солидни пари, но тие не му помогнаа на струмичкото претпријатие „Единство“ да работи профитабилно. Напротив, оваа текстилна компанија во својот Биланс на успех пријави огромна загуба од 1,42 милиони евра.

Деловната банка со најголемо учество на пазарот на кредитирање физички лица им фрли ракавица на најголемите конкуренти. Банката префрли во капитал 40 милиони евра.

Согласно најавите и изгласаниот нов рок за доизградба на автопатот Кичево – Охрид, во Собранието пристигна предлог закон за измена на договорот. Со измените, кинескиот изведувач добва дополнително уште скоро две години за завршување на автопатот, поточно до крајот на 2026 година.

Винаријата од Демир Капија, Попова Кула лани работела профитабилно, говори билансот на успех на ова акционерско друштво. Но, добивката е намалена во однос на истиот период лани, и тоа за 33 проценти.

Сопругата на министерот за економија Крешник Бектеши, Улка Каба Бектеши, ќе биде сопственичка на угостителски објект на булеварот „Ослободување“, главната и најпрометна артерија во Кичево.

Преку блок трансакција на Берзата вчера се продадени 27 акции на фармацевтската компанија „Реплек“, за вкупна сума од над 45 илјади евра.


Слично

Поврзани вести