ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема договор на лидерската, а во фотелјата на Русковска седнува Абази
НЕМА ДОГОВОР НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на лидерската средба зборувале за енергетската криза, и за буџетот за 2023 година, за блокираните закони во Собранието.
Вели дека евроинтеграцијата е национален проект, не е проект на една политичка партија.
„Потребно е да се вклучат сите партии, сите пратеници за да се одблокираат процесите“, рече премиерот.
Вели дека инклузивност е потребна и за Европската Унија(ЕУ).Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска по лидерската средба изјави дека зборувале за иднината на земјата и обидите за градење на заеднички ставови.
Вели дека на крајот на декември завршува скринингот и треба на почетокот на следната година да се одржи меѓувладината конференција, односно Македонија да почне да ги отвора поглавјата.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази жалење затоа што како што кажа на лидерската средба не говореле за реалните проблеми на граѓаните, како што е високата инфлација.
Вели дека зборувале за уставните измени, под превезот на европската иднина, нешто што досега го погазиле.ИЗБРАН Е ЗАМЕНИК ЗА РУСКОВСКА
Ислам Абази е нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Јавните обвинители одлучија нов шеф на Основното обвинителството за гонење на oрганизиран криминал и корупција да биде шефот на гостиварското обвинителство Ислам Абази. Тој доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат.ТРАЈАНОВ ВЕЛИ ДЕКА ПРАТЕНИЦИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО МНОЗИНСТВОТО
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Поради воените дејствија во Украина, штети ќе трпат голем број земји, директно или индиректно.
