Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Неколку лица нападнаа демонстранти, лицето кое пукаше е приведено, а Мицкоски најави дека протестите продолжуваат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Неколку лица нападнаа демонстранти, лицето кое пукаше е приведено, а Мицкоски најави дека протестите продолжуваат

ГРУПА АЛБАНЦИ ГИ НАПАДНАА ДЕМОНСТРАНТИТЕ КАЈ МАВРОВКА

На денешниот протест против францускиот предлог, имаше инцидент кај плоштадот Скендербег. Група составена од неколку лица почна да гаѓа со тврди предмети кон демонстрантите. Ова создаде тензии во толпата.

ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕТО КОЕ ПУКАШЕ

Полицијата го уапси Е.Ј.(40) од Скопје кој попладнево пукаше кон демонстрантите.

„Е.Ј.(40) претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата на Република Северна Македонија кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани“, велат од МВР.

ИМА ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ

Од МВР за МИА потврдија дека се повредени двајца полициски службеници кои се хоспитализирани.

На собирот се појавија лица со „фантомки“ кон кои се стрчаа дел од учесниците на протестот и почнаа да ги бркаат. Приведено е и едно лице кое се движело кон Собранието носејќи чекан и камења со себе. 

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕКА ПРОТЕСТИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ И ЌЕ БИДАТ ПОМАСОВНИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес - конференција изјави дека вечерва се случи класична монтажа. 

Според него, требало да биде убиен тој или некој недолжен граѓанин. Вели дека ова нема врска со меѓуетничка нетрпеливост. 

„Подолго време добивам информација за моја елиминација која ја нарачува власта. Вечерва видовме најмалку две лица со огнено оружје кои беа подготвени тоа да го направат. Полицијата ја немаше никаде“, рече Мицкоски. 

Вели дека ваквото сценарио го најави власта, односно министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од шест друштва кои управуваат инвестициски фондови (задолжителни и доброволни пензиски и отворени инвестициски фондови) дури пет завршиле со добивка во работењето за 2021 година. При тоа најниската добивка изнесува 39% од приходите, а најпрофитабилното друштво има добивка што е 56% од остварените приходи

Загребска берза има сериозни намери да стане најсилен оператор на пазари на капитал во земјите на нашиот регион. По превземањето на Љубљанската берза, од 2019 година до сега купувајќи 17 отсто од акциите стана втор најголем акционер и во Македонската берза за хартии од вредност

Во наредните година дена со енормно зголемената цена на електричната енергија на берзата и со либерализацијата на пазарот, осветлувањето на автопатите, експресните и регионалните патишта, како и она во тунелите ќе го платиме со 7,7 милиони евра.

Никола Паскали од Нуркачки Центар Акватек од Охрид советува сите кои одат на море, да бидат внимателни, за да не дојде до фатални случки какви што имавме во Египет, каде две жени починаа откако ги нападнала ајкула.

Слично

Поврзани вести