ФАКТОР НА ДЕНОТ: Неизвесна испораката на вакцините „Фајзер“, денес има над 1.300 заразени
ДОВЕДЕНА ВО ПРАШАЊЕ ИСПОРАКАТА НА ВАКЦИНИТЕ „ФАЈЗЕР“
Доведена е во прашање испораката на вакцините на „Фајзер“ во земјава.
Европската Комисија ја измени регулативата за извоз на вакцини во трети земји. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во гостување во вестите на Телма, говореше за новата регулатива на ЕК која денеска ја објави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата, од каде вакцини терба да добие и нашата земја.
Сега за да се подобри механизмот за респределба на вакцини, ЕУ воведува нова регулатива, која опфаќа две промени во постоечкиот механизам. Прават промена значи реципроцитет односно ќе се следи дали државата која ги произведува вакцините, го ограничува сопствениот извоз на вакцини или нивни суровини.
Втората воведена измена во посточекиот механизам се однсеува на пропорционалност, што значи дека ЕУ се залага за пропорционална распределба на вакцините, а тоа ќе се утврдува според тоа дали условите што преовладуваат во земјата се подобри или полоши од оние на ЕУ, особено епидемиолошката состојба, стапката на вакцинација и пристапот до вакцините.ДЕНЕС ИМА ПОВЕЌЕ ОД 1.300 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1347 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 643, Куманово – 90, Прилеп - 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип –8, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово – по 7, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод – по 6, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево и Пехчево – по 3, Кратово - 2.
Регистрирани се 451 оздравени пациенти од:
Скопје - 245, Прилеп – 40, Кавадарци – 23, Гевгелија – 19, Штип – 17, Неготино - 16, Кочани – 12, Тетово и Велес - по 11, Гостивар и Струмица – по 10, Куманово – 9, Битола – 7, Демир Капија – 5, Берово – 4, Пробиштип и Богданци – по 3, Кратово – 2, Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ВО ДУБАИ
Вицепремиерот Љупчо Николовски во Велес демантираше дека тридневниот одмор во Дубаи го искористил за да се вакцинира. Вели дека одморот му бил испланиран многу порано и затоа бил оставен впечаток дека ја напуштил Македонија во кризен период.
- Имам право на одмор законски, и тоа нема да дозволам да ми биде одземено. 16 часа работам дневно за граѓаните - чесно и искрено. Имам право да и посветам три дена на сопругата, само единствено контекстот е избран како погрешен, рече Николовски.
Николовски воедно демантираше дека на одморот користел службени ресурси, а додаде и дека истиот си го платил од платата.ДЗС ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА ДА СЕ САМОПОПИШАТ
Државниот завод за статистика е задоволен од тоа како тече самопопишувањето во дијаспората, но и натаму со апели до иселениците да одвојат време и да одговорат на прашањата во апликацијата, а доколку имаат нејаснотии, од оваа институција ќе им ги разјаснат.
Според ДЗС, досега 137.111 македонски државјани ги дале своите податоциЧИТАЈТЕ УШТЕ
Иако календарски започна пролет, надвор имаме ниски температури, студ и снег како да е зима.
foto freepik
