ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не стивнуваат реакциите за смена на Гаши, за полицијата тој нема кривична одговорност
ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА ГАШИ НЕМА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА АЕРОДРОМОТ
Според полицијата, нема кривична одговорност кај собранискиот спикер Африм Гаши за инцидентот кој минатата недела се случи на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи.
„Нема кривична одговорност кај Гаши за тоа што го пратил шефот на своето обезбедување на скопскиот аеродром поради косовската претседателка Османи“, тврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по реакциите на СДСМ дека власта го гонела само полицаецот, но не и Гаши.За „Вреди“, интерпелацијата на спикерот Африм Гаши е анти-НАТО експеримент и обид да се предизвика политички земјотрес за да се стави на тест владиното мнозинство.
ЕВТАНАЗИРАНА СЛОНИЦА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА
Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка- „Pairi Daiza" од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата, објавија од скопската зоолошка градина.ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ, И КИПАР ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ГАСНЕЊЕ
Два нови пожари ги вознемирија жителите на селата Ајватоци и Бунарџик, каде е испратена екипа пожарникари од Скопје.Уште една земја испраќа тим кој ќе помогне во борбата со пожарите. Република Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Грчкиот акционер продолжува да го засилува својот капитал во скопската рафинерија ОКТА.Берзата извести дека денеска поминала блок трансакција со акциите на ЗК Пелагонија Битола, при што е продаден и купен пакет од 1,63 проценти од акциите на ова акционерско друштво.
Нова државна видео лотарија - Ново ВЛТ Доо Скопје, компанијата специјализирана за видео игри на среќа формирана лани од АД Државна лотарија и австрискиот гигант ХТЛ, ќе почне со работа на повеќе од 40 атрактивни локации низ земјата, дознава „Фактор“.
Два дена по ред засвети црвено на Македонската берза. Трендот почна во понеделникот, а и вчерашниот ден помина во знакот на мечката.
На пазарите има и големи лубеници кои тежат и по 20 килограми, но земјоделците и трговците велат дека купувачите обично бираат помали лубеници, поради цената, за да им испадне поевтино, а освен тоа помалите се полесни за носење и воедно купувачите сакаат да ја консумираат истиот ден додека е свежа, односно да не им заостанува и да изгуби на квалитет.
Слично
