Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не стивнуваат реакциите за наследникот на Русковска, а во скопските училишта повторно имаше дојави за бомба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не стивнуваат реакциите за наследникот на Русковска, а во скопските училишта повторно имаше дојави за бомба

РЕАКЦИИ ЗА НОВИОТ ШЕФ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Не стивнуваат реакциите за изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

Коментар даде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Јавна тајна е, кажа Мицкоски, дека се работи за уште еден партиско-политички договор во власта.

„Само исто така е јавна тајна дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за другиот, па победил овој. Продолжува партизацијата и затоа следната анкета нема да биде довербата во судството и обвинителството е осум проценти, туку ќе биде еден, два или три проценти. Претпоставувам дека тоа се овие неколку фамилии кои што се денеска во власта и од ДУИ и од СДСМ“, изјави Мицкоски. 

Од Левица велат дека слабостите и недореченоста на Законот за јавни обвинители ја исполни долго посакуваната желба на ДУИ да инсталира свој човек на чело на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

ПОВТОРНО ИМАШЕ ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

По шести пат денеска имаше дојави за подметнати бомби во четири скопски училишта, но за разлика од минатата недела, овојпат дојавите стигнаа во текот на првата смена, односно точно во 9.30. Едно од училиштата е скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ во центарот на градот. Веднаш се спроведе безбедна евакуација, а на терен пристигна полицијата и се вршат антитерористички проверки.

ПЛАНИНАР ЗАГИНА НА ТИТОВ ВРВ

Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов објасни како се одвивала спасувачката мисија на Шар Планина. 

Едниот планинар кој е странец загинал, додека другиот е спасен.  Дваесет и осум годишен планинар од Белгија почина откако синоќа паднал од карпа кај Титов врв. Телото претпладнево со хелихоптер на МВР е пренесено во тетовската болница каде е констатирана смрт.

РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ХЕРСОН

Рускиот генерал Сергеј Суровикин за руската телевизија oбјасни зошто ги повлекуваат руските војници од Херсон во Украина. 

Тој изјави дека веќе не е можно да се снабдува Херсон и предложил воспоставување одбранбени линии на источниот брег на реката Дњепар.

„Ќе ги спасиме животите на нашите војници и борбената способност на нашите единици. Залудно е нивното држење на десниот (западниот) брег. Некои од нив може да се користат на други фронтови“, изјави Суровикин.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

АД ЕСМ ги објави повиците за склучување договори со кои им се нуди поевтина електрична енергија на 200 компании од прехрамбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителни станици. 

Владата преку оглас бара дури четворица директори на државни инспекторати во земјава. Сака да ги именува новите први луѓе на прв човек на Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот инспекторатза шумарство и ловство, Државниот инспекторат за труд, и државниот инспекторат за локална самоуправа.

Планот на Министерството за финансии за трошење на парите од државната каса е пред пратениците, кои во следниве денови треба да го разглeдуваат, по што ќе имаат можност да го искажат свој став. 

Слично

Поврзани вести